Рисер-Ларсенова Ледена Плоча![]() Рисер-Ларсенова Ледена Плоча (англиски: Riiser-Larsen Ice Shelf, норвешки: Riiser-Larsenisen) — ледена плоча на брегот на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот. Се протега во должина од 400 км, од ’ртот Норвегија на север до островот Лидан и Стенком-Вилсовиот Ледник на југ. Откривање и именувањеДелови од ледената плоча се забележани од Вилијам Спирс Брус во 1904, Ернест Шеклтон во 1915 и Јалмар Рисер-Ларсен во 1930 г. Најголемиот дел е фотографиран од воздух во 1951-52 г. од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (NBSAE), и преку тие слики е разграничен од околината. Понатамошното одредување на јужната и копнената граници of the feature е извршено од воздушни фотографии направени од американската морнарица во операцијата „Длабоко замрзнување“ од 1967 до 1969 г. Плочата е наречена во Норвешка, во чест на капетанот Јалмар Рисер-Ларсен, кој го истражувал ова подрачје на крајот од 1920-тите и почетокот на 1930-тите. Место од орнитолошка важностНа северниот брег на плочата има предел од 477 ха составен од прицврстен мраз, 90 км југозападно од Заливот на Фоките и 140 км североисточно од ’ртот Весткап. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него има колонија од 4.000 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателиска снимка од 2009 г.[1] ПоврзаноНаводи
72°40′S 16°0′W / 72.667°S 16.000°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia