Рихард Јакопич
Рихард Јакопич (12 април 1869, Краково - 21 април 1943, Љубљана) — словенечки импресионистички сликар. Тој беше водечки словенечки импресионист, покровител на уметноста и теоретичар. Заедно со Матеј Стерн, Матија Јама и Иван Грохар, тој бил за пионер на словенечкото импресионистичко сликарство[1]. Животопис![]() Ријард Јакопич е роден во Краково, предградие на Љубљана. Неговиот татко, Франк Јакопич, бил трговец со земјоделски добра. Рихард бил најмладиот од осумте деца. Јакопич студирал на Академија за ликовни уметности Виена, за кратко време се врати дома поради болест, а потоа ги продолжи студиите во 1889 година, на Академија за ликовни уметности во Минхен а во 1890 година, во ателјето на Антон Ажбе - Уметничко училиште во Минхен. Потоа живеел во Љубљана, каде учествувал во основањето на словенечкото уметничко друштво, а по 1902 година во Шкофја Лока. Во 1903 година, тој ги продолжил студиите на Академијата за ликовни уметности во Прага. Во Љуљана, Јакопич ја основал словенечката школа за импресионистичко цртање и сликарство, претходник на Академија за ликовни уметности на Универзитетот во Љуљана. Тој бил иницијатор за основањето на Националната галерија на Словенија[2]. ![]() Јакопич е еден од најзначајните сликари на европскиот импресионизмот. Неговата специфична ликовна и колористичка постапка се од исклучително значење за идните ликовни уметници, заради слободата на потезот, колористичката хармонија и специфичната композиција. Денес, неговите дела, заедно со останатите дела на словенечките импресионисти се главните експонати во Народната галерија во Љубљана, слики кои ја докажуваат европската позиција на словенечкиот импресионизам, поставен во највисоки рамки.[3] Поважни дела![]()
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia