Ричард Докинс![]() Клинтон Ричард Докинс (анг. Clinton Richard Dawkins; р. 26 март 1941) — англиски етолог, еволуционист и популаризатор на науката. До 2008 година работел во оксфордскиот професорат за популаризација на науката, основан од Чарлс Симони. Докинс стана познат во 1976 година кога ја објави книгата „Себичниот ген“ (анг. „The Selfish Gene“) која на популарен начин го одразува погледот на еволуцијата од позиција на генот и во која бил воведен во речникот поимот „мем“ и бил предложен нов научен правец — „меметика“. Во 1982 година тој дал значителни придонеси во теоријата на еволуцијата со книгата „Проширениот фенотип“ („The Extended Phenotype“), каде сугерира на тоа дека фенотипските ефекти на генот не се ограничени на организмот на единката, туку можат да се прошират и на животната средина, вклучувајќи ги и организмите на останатите единки. Оттогаш тој има напишано неколку научно-популарни книги за еволуција и учествувал во многу телевизиски и радиопрограми за еволуциона биологија, креационизам и религија. Докинс е убеден атеист, хуманист и скептик, член на Движењето Brights. Основни работиНаучно-популарни книги
Статии
Филмови
КритикаАнтирелигиозните работи на Докинс на повеќепати се критикувани од страна на верниците, вклучувајќи и биолози (К.Милер, Ф.Колинс[1], Д. С. Вилсон[2] и др.), теолозите (А. Макграт, Р. Харис[3] и др.), филозофите (А. Плантинга[4], А. Кенни[5], Т. Негел[6], М. Руз[7]). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia