Родни Стаки
Родни Норвел Стаки (Сиетл, 21 април 1986)[2] е поранешен американски кошаркар, кој играл десет години во НБА за екипите на Детроит Пистонс и Индијана Пејсерс. КариераКолеџ кариераСтаки играл на колеџ за Истрн Вашингтон Иглс универзитетот. Во својата втора сезона Стаки имал просек од 24.6 бода, 5.5 асистенции, 4.7 скока, и 2.4 украдени топки по натпревар. Против Портланд Стејт тој уфрлил највисоки 36 бода. На 11 јануари 2009, дресот со број 3. кој го носел Родни бил повлечен од употреба. Колеџ статистика
НБАДетроит Пистонс (2007-2014)![]() Во 2007 тој бил избран од страна на Детроит Пистонс како 15-ти пик во првиот круг на драфтот. За време на летната лига Стаки експлодирал. Просечно бележел по 32.1 бод, 5.5 скока и 9.1 асистенција. Родни ја имал таа несреќа да ја скрши левата рака во последниот натпревар од подготовките за новата сезона, што го чинело пауза од НБА паркетите околу 8 недели. Сепак, по успешната рехабилитација од повредата Стаки го направил своето деби во НБА лигата на 21 декември 2007 против Мемфис Гризлис, уфрлувајќи 11 бода за 6 минути поминати на паркетот. Во неговата руки сезона тој имал просек од 7.6 бода, 2.3 скока и 2.8 асистенции играјќи по 19 минути по натпревар во просек: сепак треба да се нагласи дека тој започнал како стартер само во два од 57 натпревари во колку играл во регуларниот дел од сезоната. Тој, исто така, одиграл важна улога и во плеј-офот и имал по 8.2 бода по натпревар, помагајќи му на Детроит да стигнат до конференциското финале, каде биле поразени од Бостон Селтикс со 4-2. На крајот од сезоната 2007-08 Стаки бил избран во All-Rookie екипата. Следната сезона Стаки станал редовен стартер во првата петорка на Пистонс, заземајќи го местото на главен плејмејкер на тимот по заминувањето на Чонси Билапс од клубот. На 23 декември 2008, во натпревар против Чикаго Булс, Стаки постигнал 40 бода што е негов личен рекорд за најмногу постигнати бодови на еден натпревар. Тој имал 13.4 бода по натпревар во регуларниот дел од сезоната, а 15 во плеј-офот. Стаки исто така настапил на ол-стар викендот 2009, играјќи за Софмор тимот кој ги победил дебитантите со 122-116, а тој имал 12 бода, 3 скока и 9 асистенции.[3] Сезоната 2009-10 била најдобра за Стаки во неговата НБА кариера, во многу статистички показатели како: најмногу започнати натпревари како стартер (67), најмногу бодови по натпревар (16.6), најмногу остварени скокови по натпревар (3.8), најмногу украдени топки по натпревар (1.4). На 23 март 2011, во поразот 94-100 од Мајами Хит, Стаки извел фантастично забивање преку центарот на Хит Крис Бош.[4] Индијана Пејсерс (2014-2017)На 21 јули 2014, Стаки потпишал за Индијана Пејсерс. На 10 март 2015, тој ги постигнал својте највисоки за сезоната 34 бода во победата над Орландо Меџик. На 28 март 2017, поради повреда на левата тетива Стаки бил изваден од акција околу 4 до 6 недели.[5] Следниот ден тој бил отпуштен од Индијана.[6] Статистика на кариерата![]() Општи податоциСтатистика од 11 јануари 2013
Регуларен дел од сезоната
Плеј-оф
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia