Родољуб Анастасов
Родољуб Анастасов (Скопје, 25 февруари 1935) — македонски сликар, еден од најважните во современата македонска уметност.[1][2] Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброил Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21 век.[3][4] ЖивотописАнастасов е роден во Скопје на 25 февруари 1935 година. Татко му Славко бил трговец кој потекнува од скопската фамилија Анастасови а неговата мајка Ефтимија – Ефка Серафимова потекнува од тетовската трговска фамилија Серафимови. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток.[5] По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.[6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia