Ролф Сиверт
Ролф Максимилијан Сиверт (шведски: Rolf Maximilian Sievert; 6 мај 1896 – 3 октомври 1966) — шведски физичар и радиобиолог чиј најголем придонес е проучувањето на биолошките последици од јонизирачкото зрачење. Во негова чест е наречена единицата сиверт. Роден е во Стокхолм, во семејството на Макс и Софија Каролина Сиверт.[1] Ја возглавувал физичката лабораторија во радиотерапевтска клиника „Радиумски дом“ (Radiumhemmet) од 1924 до 1937 г., а потоа ја држел катедрата по радиофизика во Каролинскиот институт. Одиграл основоположничка улога во мерењето на дозите на зрачење, особено во за цели на дијагноза и лечење на ракот. Во подноцнежните години се задржал на изучувањето на последиците од изложеноста на ниски дози на зрачење. Во 1928 г. го основал Меѓународниот комитет за заштита од рендгенско и радиумско зрачење, и бил негов прв претседател; оваа установа подоцна прераснала во Меѓународната комисија за радиолошка заштита. Бил на чело на Научниот комитет за последиците од атомоско зрачење при ООН.[2] Осмислил низа инструменти за мерење на дози на зрачење, од кои најпозната е Сивертовата комора. Во 1979 г. SI-единицата за дозен еквивалент на јонизирачко зрачење го добила името сиверт (Sv) во негова чест, со одлука на Генералната конференција за тегови и мерки. Поседувал голема збирка на инсекти, која денес е сместена во Ентомолошкиот музеј при Лундскиот универзитет. ![]() ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia