Физичар![]() ![]() ![]() ![]() Физичар — научник кој се занимава со проблемите на физиката[1]. Еден физичар може да проучува најразлични појави од една или повеќе нејзини гранки, во размери кои се движат од честичките помали од атомот, од кои е сочинета материјата (честична физика), па сè до поведението на вселената во целина (космологија). ОбразованиеНајголем дел од додипломското градиво на студиите по физика опфаќа откритија и сознанија од пред еден или повеќе векови. Такви се, на пример, Алхазеновата теорија за светлината (XI в.), Њутновите закони за движењето и Њутновиот закон за гравитацијата (XVII в.), Максвеловите равенки (XIX в.) или квантната механика (почеток на XX в.). Се изучуваат следниве предмети: хемија, класична физика, кинематика, астрономија и астрофизика, лабораториска работа, електрицитет и магнетизам, термодинамика, оптика, современа физика, квантна физика, јадрена физика, честична физика и физика на тврдите тела. Покрај ова, задолжително се изучуваат и повеќе математички предмети (интегрално сметање, диференцијално сметање, линеарна алгебра, комплексна анализа итн.), информатика и програмирање. Студентите учат научно истражување со помош од академскиот кадар на факултетот. Додпиломците по физика најчесто работат во основното или средното образование. Оние кои работат на истражувања или во високото образование имаат магистратура или докторат, каде се специјализира во опитна или теоретска астрофизика, атомска физика, молекуларна физика, биофизика, хемиска физика, медицинска физика, физика на кондензираната материја, космологија, геофизика, гравитациска физика, наука за материјалите, јадрена физика, оптика, честична физика или плазмена физика. За извесни научно-академски занимања е потребен и постдокторат. Награди и почестиНајголемата почест што може да ја добие еден физичар е Нобеловата награда за физика која се доделува од 1901 г. до денес од страна на Кралската шведска академија на науките. Работни местаТри поважни дејности во кои работат физичарите се образовнието, државните научни установи и претпријатијата. Меѓутоа, добар дел од физичарите ја применуваат својата стручност на други полиња како што се инженерството, сметачите и финансиското работење. Некои ја надополнуваат постоечката струка со друго образование, па работат како посебни стручњаци; таков пример се оние кои се занимаваат со патентното право. Во МакедонијаНационалната класификација на занимањата (2011) на Македонија[2], ги групира физичарите и астрономите во една класа, со соодветни поткласи. Работата на физичарите го има следниов опис:
Задачите вклучуваат: а) истражување, унапредување и развивање на поими, теории и оперативни методи за работа од областа на физиката и астрономијата; б) водење на експерименти, тестови, анализи за структурата и својството на материјата во цврста состојба и нивно однесување под дејство на температура, притисок, напрегање и други услови; в) изведување на експерименти, тестови и анализи во области како што се механиката, термодинамиката, оптиката, акустиката, електрицитетот, магнетизмот, електрониката, јадрената физика и астрономијата; г) обезбедување на точни мерења на физичките вредности кои се користат и применуваат во медицината; д) развивање на резултати или инвестиции и експерименти и презентирање на заклучоците, главно со користење на математички техники и модели; ф) унапредување и развивање на индустриска, медицинска, воена и друга практична примена на начела и техники од областа на физиката и астрономијата; ѓ) надгледување, анализа и толкување на вселенските појави и унапредување на методи и техники за примена во области како што се поморството и истражувањето на вселената; е) изработка на научни трудови и пишување на извештаи; ж) извршување на сродни работи; з) надзор на останатите соработници. ЗанимањаВо оваа единечна група спаѓаат следните занимања (со соодветните номенклатурни шифри):
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia