Роџер Вер
Роџер Кит Вер (англиски: Roger Keith Ver; роден на 27 јануари 1979) — американски претприемач, ранен инвеститор во криптовалутите и познат по својата поддршка кон Биткоин. Роџер е роден на 27 декември 1979 година во Сан Хозе, Калифорнија, САД, и стана познат како еден од пионерите на Биткоин и главниот промотор на Биткоин Кеш (Bitcoin Cash), алтернативна верзија на Биткоин создадена во јули 2017 година. Вер е познат и под прекарот „Биткоин Исус“ поради неговата активна кампања за популаризација на Биткоин и неговото усвојување ширум светот. Освен тоа, тој е значаен член на криптовалутската заедница и е поврзан со компании како Blockchain.com и BitPay.[1] Роџер Вер го напушти САД во 2014 година поради правни проблеми и се пресели во Свети Китс и Невис, земја во Карипскиот басен. Таму продолжи со својата работа во доменот на криптовалутите, особено фокусирајќи го вниманието на Биткоин Кеш, кој го смета како вистинскиот наследник на оригиналниот Биткоин. Во интервју со Такер Карлсон, тој откри некои детали за борбата против екстрадицијата од САД и неговите гледишта за Биткоин.[2] Во април 2024 година, Вер беше уапсен во Шпанија во врска со случајот за екстрадиција од САД, каде што беше опфатен во истрага за фискална измама.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia