Сан Хосе (англиски: San Jose) — најголемиот град во северниот дел на американскатадржаваКалифорнија, според број на жители и според површина. Во 2022 година имал 971.233 жители,[4] што го прави трет град во Калифорнија после Лос Анџелес и Сан Диего, и тринаесетти град по број на жители во САД.[7] Се наоѓа во центарот на долината Санта Клара на јужниот брег од заливот Сан Франциско, Сан Хосе зафаќа површина од 466,1 км2. Сан Хосе е седиште на округот Санта Клара и главната компонента на метрополитенската статистичка област Сан Хосе-Санивејл-Санта Клара, со проценета популација од околу 1,95 милиони жители во 2023 година.