Рудник „Дамјан“
Рудникот „Дамјан“ близу Радовиш, е наоѓалиште на железна руда, што ги зазема централните делови од рудниот реон Бучим–Дамјан–Боров Дол.[1] Со истражувања се утврдени резерви од околу 6,5 милиони тони руда со 35% железо. Рудникот во редовна експлоатација бил во периодот 1968–1992 година. Во градбата на ова наоѓалиште учествуваат: палеогени седименти, терциерни вулканити и скарнови. На контактот помеѓу вулканските пробои и палеогениот флиш е создадена моќна скарновска зона со Fe–минерализација.[2] Fe–оруднувањето е сместено претежно во скаровите, а на места и во чисто варовничките партии на палеогениот флиш. Рудните тела имаат облик на псевдослоеви (издолжени складови и леќи) изградени претежно од компактни магнетитско-хематитски руди.[3] Во близина на рудникот за железо се наоѓа рудникот Бучим за бакар, злато и сребро. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia