Рудници и железарница „Скопје“
Рудници и железарница „Скопје“ – поранешен металуршки комплекс за добивање и преработка на железо и челик. Комплексот има најголема површина за преработка во црната металургија во Македонија. ИсторијаПроектиран е од 1959 година, граден од 1961 година, а работи од 1967 година. Изградени погони: Топилница (за производство на сурово железо во 5 електропечки, секоја со капацитет од 20 до 30 МЊ); Челичарница (за рафинирање на железото до нискојаглероден челик); Валавница за слабови и лимови (т.н. Топла валавница); Валавница за тенки ленти (т.н. „Полуконти“) и Ладна валавница (во која се врши и топло поцинкување и пластифицирање на дел од лентите); Енергетика и др. Рудниците во Осломеј и Дамјан, поради лошиот квалитет на железната руда се затворени во втората половина на 1980-тите, а Топилницата во почетокот на 1990-тите години. Првобитно е замислено производство од 400.000 т годишно, но подоцна варирало. Челикот е произведуван најнапред во претворач, а денес исклучиво во електропечка. Најпродуктивен период е од 1973 до 1987 година. Со приватизирањето на одделни погони, од 2000 година. наваму, производството повторно заживува. Во рамките на МАКСТИЛ, со претопување на отпадно железо во електропечка и постојано инвестирање во зголемувањето и модернизирањето на производството, како и заштитата на животната средина, производството ги надминува претходните рекорди. Во рамките на „Митал“ продолжува производната програма на Ладна валавница, посебно поцинкувањето на ленти. Во „Скопски легури“ се произведуваат фероманган и други феролегури, додека делот „Енергетика“ работи во состав на „ЕЛЕМ“ (дел од поранешното Електростопанство на Македонија). Со ваквото заживување на компаниите-наследнички на Рудници и железарница „Скопје“, овој сегмент станува значаен во вкупната индустриска и извозна активност во РМ[1].[2] ГалеријаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia