Румена Бужаровска
Румена Бужаровска (1981, Скопје) — македонска писателка, книжевна преведувачка и професорка. ЖивотописРодена е во 1981 година во Скопје. Работи како професорка по американска книжевност и преведување на англиската катедра при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Една е од основачките на иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“.[1][2] ТворештвоБужаровска е авторка на четири збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007), Осмица Архивирано на 7 јануари 2023 г. (Блесок, 2010), Мојот маж (Или-или, 2014) и Не одам никаде (Или-или, 2018), како и книгичката кратки фикции Спиј (Темплум, 2017). Таа е авторка и на студијата за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот[мртва врска] (Блесок, 2012). Заедно со група автори од земјите на поранешна Југославија е соавторка на делото Dnevnik 2020 (Fraktura, 2021). Во 2021 година ја издава детската книга Што виде бубамарата? (Чудна шума) со илустрации на Јана Јакимовска. Збирките раскази на Бужаровска се објавени на повеќе од 10 јазици.[3] Мојот маж е поставена и како претстава во Скопје (Драмски театар, режија Нела Витошевиќ),[4] Љубљана (Словенско народно гледалишче, режија Ивана Ѓилас),[5] Белград (Југословенско драмско позориште, режија Јована Томиќ)[6] и Будимпешта (Levko Esztella и Száger Zsuzsanna).[7] Во 2016 година била прогласена за еден од најинтересните нови книжевни ликови во Европа од страна на Literary Europe Live.[2][8] Добитничка е на регионалната награда „ЕдоБудиша“[9] и е стипендистка на меѓународната програма за писатели на Универзитетот во Ајова, САД.[10] Ги има објавено следните преводи на книжевни дела од англиски на македонски:
Бужаровска е и ко-преведувачка на англиски јазик (заедно со Стив Бредбери) на нејзината збирка Не одам никаде, на англиски јазик I’m Not Going Anywhere (Dalkey Archive Press, 2023). Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[11] Наводи
Надворешни врски:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia