Рупертов БрегРупертов Брег (англиски: Ruppert Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот меѓу ’ртовите Бренан и Беркс, или помеѓу Сондерсовиот Брег на запад и Хобсовиот Брег на исток. Се протега од 146°31' ЗГД до 136°50' ЗГД. Името го дал контраадмиралот Ричард Берд во чест на полковникот Џејкоб Руперт, поддржувач на неговата втора антарктичка експедиција (1933–1935) каде е направен првиот извиднички прелет на брегот. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г. На Рупертовиот Брег се наоѓа руската поларна станица „Рускаја“. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia