Руско-турска војна се однесува на некој од воените конфликти помеѓу Царска Русија и Отоманското Царство, а во поново време помеѓу Советскиот Сојуз и Турција:
Руско-турска војна (1806-1812). Војната ја започнала Османлиското Царство, која сакала да ги заземе Молдавија и Влашка. Завршила со потпишување на Букурешкиот договор на 8 мај1812, според кој Бесарабија била припоена кон Руската Империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската Империја, Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.
Руско-турска војна (1828-1829). Војната претставува дел од грчката војна за независност, се водела на два фронта: на Балканот и Кавказ. Руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра, била заземена Варна а подоцна и Силистра, после што ја премината Стара планина и била окупирана Тракија и навлегла во Едрене. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Едрене според кој Грција добила независност, биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ, Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија, во рок од 18 месеци христијаните во Османлиското Царство имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.