СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш
Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ — средно училиште кое се наоѓа во Радовиш.[1] Во ова училиште има околу 1146 ученици и 52 вработени. Во 2010 година било реконструирано.[2] Сместено во источниот средишен дел на Радовиш, училиштето воглавно опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини, па и пошироко. ИсторијаУчилиштето било основано од страна на Народниот одбор на Општина Радовиш, со решение број 01-4058 од 25 август 1960 година, под називот „Страшо Пинџур“. Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученици, за да сега[кога?] бројот на учениците достигне до 950. Називи на установата
НаставаВоспитно-образовната работа во СОУ „Коста Сусинов“ е остварувана преку програмите за: гимназиско образование, со подрачјата: општествено–хуманистичко и природно–математичко, стручно образование, со геолошко-рударска и металуршка струка и електротехничка струка Во училиштето има вкупно 36 паралелки распоредени во:
Учество на натпревариОсвоени наградиПознати личности кои учеле во ова училиштеПознати личности кои предавале во ова училиштеАктивности„Македонија без отпад“Цел на кампањата „Македонија без отпад“ е да се исчисти и селектира отпадот од училишниот двор и пошироката околина околу училиштето. На 6 октомври, 2012(сабота) година ширум нашата држава се организираше акција “Ајде Македонијо – да ја исчистиме Македонија од отпадот”. Нашето училиште, како поддршка на оваа акција, а во склоп на своите еко активности ја организираше кампањата “Македонија без отпад” на следниот начин: Најпрво сите ученици беа запознаени со акцијата преку едукација и дискусија на третиот наставен час на 3.10.2012 (среда). Потота следниот ден беше одржан состанок помеѓу координаторот на еко програмата, Катерина Сусинова и учениците-членови на еко одборот, како и учениците-членови на средношколската унија, на кој состанок учениците даваа свои идеи за организирање на кампањата, а потоа во петокот истите ученици изработија пароли за кампањата (пр. “Есенско чистење на илузиите дека отпадот ќе исчезне сам од себе”, “Собери, Селектирај, Реупотреби” , “Македонија без Отпад” и сл.) Во саботата, на денот на кампањата, настанот започна со flesh-mob, танцова точка на група ученички од нашата гимназија, кои ја претставија кампањата преку нивната изведба под мотото “Не биди губре – Не расфрла губре”. Потоа сите присутни ученици и професори излегоа надвор во училишниот двор, да ја спроведат акцијата “Собери, Селектирај, Реупотреби”, каде што се собра и се селектираше отпадот во училишниот двор и блискиот кеј на реката. После тоа група ученици и професори патролираа низ градот со пароли за да се разнесе веста за оваа кампања, како и да се разбуди свеста кај граѓаните за како правилно да управуваат со отпадот. Климатски промениЦел на кампањата е да се развие свеста кај учениците и пошироката јавност од нашиот град за важноста на заштитата на природата и климатските промени коишто настануваат како резултат од човековата негрижа. Учениците од нашето училиште го одбележаа светскиот „Ден на акција“, на 7 ноември,2012, на следниов начин: Најпрво група ученици одржаа презентација за темата „Климатски промени“ во аулата на гимназијата за да ги образоваат останатите ученици на спомнатата тема. За време на презентацијата исто така беше претставена маската „Суво дрво“, како симбол на последиците од климатските промени која беше украсена со листови на кои имаше напишано пораки поврзани со темата. Потоа група ученици со маската, како и ученици на ролери и велоспеди се упатија кон центарот на градот каде беше направена анкета меѓу месното население со цел да се испита јавното мислење за темата „Климатски промени“. Во здраво тело - здрав духПо повод денот на исхрана, 16 октомври, еко одборот на нашето училиште организира кампања “Во здраво тело, здрав дух”, кој имаше за цел да ги образова учениците за правилен начин на исхрана. Кампањата беше организирана во вид на еко квиз во кој учениците од еко одборот поделени во тимови се натпреваруваа одговарајќи на прашања во врска со здрава исхрана и култура на здраво живеење. Најдобриот тим беше награден со наградата “Семафор од здрава храна”, т.е. овошја во трите бои на семафорот – црвена, жолта, зелена. Со сето ова учениците натпреарувачи и оние кои го следеа натпреварот беа образовани за здрава исхрана и начин на здраво живеење. Собирам-рециклирамПо повод денот на акција “Ајде Македонијо- да ја исчистиме Македонија од отпад”, кој се одржа ширум државата на 5 октомври 2013, сабота, нашето училиште ја спроведе кампањата “Собирам – Рециклирам” , на 4 октомври 2013, петок, на која учениците и професорите донесоа пластични шишиња и хартија, кои по завршувањето на кампањата беа однесени на рециклирање. Целата кампања беше организирана во вид на наградна игра за учениците, со цел да се поттикнат учениците да донесат повеќе отпад т.е. пластични шишиња и хартија (на пр. стари весници, тетратки и сл.). За оној клас кој ќе донесе најмногу, следува награда (ќе бидат наградени како најдобар еко клас и ќе бидат однесени на еднодневна еко прошетка). Речиси сите класови земаа учество во кампањата, а беа донесени и собрани околу 50 кг пластични шишиња, и 100 кг хартија. Меѓународен ден без автомобилиНа 23 септември, 2013 година (понеделник), по повод Меѓународниот ден без автомобили (22 септември), беше организирана кампања под мотото “Ние ја чуваме и почитуваме животната средина, а вие?!?” Многу бевме задоволни од исходот на целата оваа кампања, а посебно поради тоа што и градоначалникот на градот, г-н Сашко Николов, зема учество во истата. Самата организација на кампањата се одвиваше вака: Координаторот на еко програмата, Катерина Сусинова, на 17.09.2013 (вторник), одржа состаноци со професорите-членови на еко одборот, учениците-членови на еко одборот и родителите-членови на еко одборот, и сите ги запозна со меѓународниот ден без автомобили, како и планот на нашето училиште да го поддржи истиот. Најзаслужни се учениците кои дадоа свои идеи за како да биде организирана целата таа кампања. Па така на 19.09.2013 (четврток) беа изработени флаери со мотото на кампањата , со слика на дете како вози велосипед, и со слоган “Возам велосипед како птица во лет, ја следам модата се грижам за природата!”. Потоа, во петокот на 20.09.2013 беа запознаени сите ученици и вработени од училиштето за настанот кој ќе се одржи во понеделник, а исто така беа испратени и покани до градоначалникот и советот на општина Радовиш, како и до локалните телевизии. Исто така беше известена и градската полиција за улиците низ кои ќе поминат велосипедите да бидат обезбедени на тој ден во 13 часот. На денот на кампањата учениците од еко одборот, други ученици од нашето училиште, како и од основните училишта од градот, професори, директорката, и градоначалникот, сите со велосипеди, се упатија по однапред предвидената маршрута низ улиците на градот за да се обележи меѓународниот ден без автомобили и да се развие свеста на граѓаните на таа тема. Во центарот на градот учениците ги поделија флаерите меѓу луѓето кои ги сретнаа таму, па се продолжи со возењето велосипеди, кое повторно заврши во дворот на гимназијата. Видеото можете да го погледнете на следниов линк:http://www.youtube.com/watch?v=XmHTaaUAUL0&feature=youtu.be Trash fashionПо повод „Светскиот ден на Земјата“ во 2013 година во СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш беше спроведена кампања за собирање и реупотреба на отпадоци како што се пластични кеси и шишиња, хартија, лименки, капачиња и сл. Целиот настан беше организиран во вид на натпревар, училиштен “Trash Fashion”, на кој имаше пријавено 6 тима по 5 ученици, кои истовремено најмногу придонесоа за реализација на кампањата. Настанот се спроведе во училишната аула во вид на модна ревија, а од 6те тимови беше избран најдобриот модел (од страна на петчлено стручно жири – проф. по ликовна уметност, проф по спорт и спортски активности, локален сопственик на модна конфекција, локален фризер, локален сопственик на козметичко студио) кој го претставуваше нашето училиште на државниот натпревар “Trash Fashion” на 5 јуни во Скопје. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia