СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе
СОУ„Кочо Рацин“ (целосно име: Средно општинско училиште „Кочо Рацин“) — средно училиште во Свети Николе, Општина Свети Николе.[1] Насоки на училиштето се: гимназиска, земјоделска-ветеринарна, машинска и прехранбена струка. ИсторијаУчилиштето било основано на 25 септември 1961 година, од страна на народниот одбор на Општина Свети Николе. Поранешното име на ова училиште било „Јосип Броз Тито“ Во 1963 година, гимназијата го добила својот сопствен простор. Во 1981 година, со спогодба на гимназијата и стручното земјоделско училиште, биле споени двете училишта, со цел разумно искористување на наставниот кадар, менување на структурата на занимања и окрупнување на училиштето. Спојувањето и преорганизирањето значело и промена на името на училиштето во „Јосип Броз Тито“, име кое било во корелација со духот на времето. Членови на првиот наставнички колегиум биле: Милков Круме (директор, Македонски јазик и книжевност, Руски јазик), Петров Јеленко (Историја, Латински јазик), Миланов Драган (Математика, Физика), Главинова Зоица (Хемија, Биологија), Григоров Сретен (Географија), Тодоров Гане (Државно уредување на ФНРЈ), Јовановски Русомир (Ликовно воспитание), Бицевски Трпе (Музичко воспитување), Петров Даце (Општо техничко образование), и Крушевски Илија (Физичко воспитување). Поранешни директори
Учество на натпревариПоистакнати награди и признанија се:
Познати личности кои предавале во ова училиштеПознати личности кои учеле во ова училиштеНаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia