СУ „Димитар Мирасчиев“ - Штип
„Димитар Мирасчиев“ — средно училиште во Штип, Општина Штип[1]. Основање и развојПо војната се изградија трите најголеми текстилни комбинати за изработка на предиво и ткаенини од памук, свила и волна, што ги опфаќаа интегририрано сите фази на производство: памучарскиот комбинат „Македонка“ во Штип, свиларскиот комбинат „Нонча Камишова“ во Велес и волнарскиот комбинатат „Тетекс“ во Тетово. Овие фабрики имале потреба од специјализирани стручни кадри па затоа во 1953 година се донесе решение специјаното текстилно училиште од Скопје да се подели на два дела, во Штип се префрли памучарската насока а во Тетово волнарско-свиларската насока. Преку овие две училишта се обезбедувале кадри од степентот квалификувани работници за потребите на фабриките. Ново отвореното училиште со практична обука образуваше кадри од предачка и ткајачка насока. Во учебната 1956/57 училиштето се преместува во населбата Македонка и работи во иста зграда со основното училиште. Со решение број 1576 од 1956 година на Републичкиот совет за просвета се отвори техничкото текстилно училиште, со што се задоволуваа најосновните потреби од техничкиот кадар: мајстори, сменоводители и подмајстори со две насоки предач и ткајач а од учебната 1957/58 се отоври и облагородувачко-хемиска насока. Истата учебена година излезе и првата генерација од текстилното училиште со практична настава (познато индустриско училиште). Од учебната 1959/60 со писмена наредба од Републичкиот совет за просвета се укинаа насоките по специјалности и се воведе општа насока. Од учебната 1960/61година училиштето работи во новоизградената зграда во центарот на градот спроти плоштадот Слобода. Со одлука на народниот одбор на штипската околија под број 01-3944/1 од 31.07.1961 од двете училишта се формира Училиштен центар за образование на кадри од текстилна струка (УТЦ). Наместо типичното 4 техничко и 3 годишно индустриско училиште се помина на систем на образование по степени и тоа преку првиот степен со 2 годишно образование се обезбедуваа непосредни производители - квалификувани работници а преку вториот степен со 4 годишно образование се обебзбедуваа погонски текстилни техничари. Од 1966 година имаше промени во вториот степен настепеноот образование. Според овој систем селекцијата по степени се вршеше по завршувањето на I година. Единствен критериум беше постигнатиот успех во прва година. Одличните и мн. добрите ученици продолжуваа за степениот техничари (II, III и IV) а оние со послаб успех во степенот квалификувани работници (II година). Од ученбната 1968/69 по долука бр. 40/РС од 05.11.1968 донесена на Работничкиот своет на лесно-модната конфекција „Астибо“ а во согласност со Советот на работната заедница при УТЦ се отвори и конфекциската насока. Хронолошки тоа изгледа вака:
Раст и пад на училиштетоУчилиштето беше единствено во истокот на републиката, ученици се запишуваа од Струмичко, Радовишко, Беровско, Делчевско, М.Каменица, Виничко, Кочанско, Св.Николе и Т. Велес. Но со отворањето паралелки од текстилна струка во сите гимназии од споменатите општини се намали и бројтот на ученицит (во гим. во Делчево, Берово, М.камненица, Виница и во Струмица). Најдобрите години за училиштето беа 80-те, 90-те од 20 век и првата декада од 21 век, кога во училиштето се образуваа по 1200-1300 ученици во 40 и повеќе паралелки со 34 и повеќе редовно запишани ученици во една паралелка. Во училиштето работеа 50-60 професори од кои 20-25 беа професори по стручни теоретски предмети и практична настава. Во недостаток на простории една учебна година учениците од прва година 10-12 паралелки наставата ја изведуваа го подрумскиот дел на гим. „Славчо Стојмнески“ а потоа и во сегашната зграда на ректор на универзитетот „Гоце Делчев“ Во тоа време сите завршени ученици кои не го продолжуваа своето образование на некој од факултетите во Македонија или соседните држави веднаш, се вработуваа во „Македонка“, „Астибо“ и „Политекс“. Со одземањето на дел од училишната зграда за потребите на отворениот универзитет „Гоце Делчев“ и не искажаниот интерес на менаџерите на конфекциите кон училиштето (во тоа време се работеше по 10-12 часа а работниците во 24 часа одеа две смени: прва- трета, втора - прва и мали плати) интересот на осмоодделенците за текстилното училиште од година на година опаѓаше. И намалениот наталитет после осамостојувањето а уште повеќе и по конфликтот од 2001 година е причина за намалениот интерес. Сите осмо/деветто одделенци повеќе се насочуваа кон медицинското, гимназијата и ЕМУЦ. Сега на универзитетот припаѓа скоро целата зграда освен еден спрат со 5 училници, административните канцеларии, спортската сала и конфекциска работилница кои ги користи училиштето. Директори на училиштето
Учество на натпревари
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
Познати личности кои предавале во ова училиште
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia