Салата![]() Салата е еден вид на храна која обично се јаде како гарнир со главно јадење а ретко самостојно (на пример, овошна салата). Салата често се прави од сиров зеленчук.[1][2] Може да се додадат тестенини, варено месо, сирење, мајонез, разни преливи и слично. Во некои салати се додава и овошје, на пример јаболки сецкани во коцки. Овошна салата е еден вид на десерт салата во која главните состојки се различни видови на овошје. Салата е обично зачинета со масло и сирење, со додавање на сол, црн пипер и лимонов сок. Сезонските салати се направени од свеж зеленчук за тоа време од годината. Салатите имаат хранлива вредност, и содржат витамини и минерали. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Видови на салатаГлавната поделба на салата е зимна и летна. Летни салати се: салата од свежи краставици, зелена салата, салата од домати, пиперки и кромид и сл. Зимски салати се: салата од >кисела зелка, салата од цвекло, туршија, кисели краставици итн. Салатата како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia