Тихоокеански часовен појас Тихоокеански часовен појас Тихоокеански часовен појас (англиски: Pacific Time Zone, PT) — часовен појас кој опфаќа делови од западна Канада, западни САД и западно Мексико. Местата во овој појас следат стандардно време одземајќи осум часа од координираното универзално време (UTC−8). При летно сметање, часовното отстапување е UTC−7. Во САД и Канада, појасот се нарекува „тихоокеанско стандардно време“ (Pacific Standard Time, PST) при стандардното сметање (од почетокот на ноември до средината на март) и „тихоокеанско летно време“ (Pacific Daylight Time, PDT) при летно сметање (од средината на март до почетокот на ноември ). Во Мексико појасот се нарекува „северозападен појас“ (шпански: Zona Noroeste) и се применува истото стандардно и летно сметање како во другите две земји. Најголем град во појасот Лос Анџелес со неговата метрополитенска област. Тихоокеанскиот часовен појас е два часа понапред од хавајско-алеутскиот, еден час понапред од алјаскиот, еден час зад планинскиот,[б 1] два часа зад централниот и три часа зад источниот часовен појас. КанадаПојасот целосно опфаќа само една територија во Канада: Времето во една покраина и една територија е поделено на тихоокеанскиот и планинскиот појас:
МексикоВо Мексико, појасот ги опфаќа следниве места:
САДДве сојузни држави на САД целосно влегуваат во поајсот: Три сојузни држави временски се поделени во тихоокеанскиот и планинскиот појас:
Една сојузна држава временски е поделена на тихоокеанскиот и алјаскиот појас: ПоврзаноБелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia