Саше ИвановскиСаше Ивановски Политико (28 август 1980 во Шопско Рударе, Кратовско) — македонски новинар и уредник на електронскиот медиум Мактел[1]. Ивановски дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а потоа заминал на печалба во странство како работник на брод и келнер во угостителските објекти во Њујорк.[2] Новинарската кариера ја започнал во Наша ТВ со емисијата „Политико“ која се емитувала во периодот 2011–2012. Во 2013 го основал порталот Мактел каде работел како негов уредник. Бил основач и на дневниот весник „Политико“ кој згаснал една седмица по неговиот прв број.[3] Ивановски бил носител на пратеничката список на партијата Народно движење за Македонија (НДМ) во третата изборна единица на парламентарните избори во 2014 каде освоил 619 гласови и не успеал да стане пратеник.[4] Во мај 2013 се оженил со скопјанката Марина Лазаревска со која има еден син.[5] Во 2014 година го основа неговиот портал "Мактел" maktel.mk. Во 2024 година, е автор и водител на емисијата "Интервју" на Наша ТВ. Во 2024 година, е водител на емисијата "Разговори со..." која се емитува на интернет телевизијата ЕМ Телевизија. Од 2025 година, е водител на дебатната емисија "Прес центар" со Викторија Петровска на ЕМ Телевизија. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia