Сашо Ордановски
Сашо Ордановски (р. 11 јули 1964 во Скопје) — македонски новинар и политички аналитичар. Завршил студии по новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во почетокот на 1980–тите, а првиот новинарски текст го објавил 1984 во „Млад борец“.[1] По згаснување на „Млад борец“ во раните 1990-ти, Ордановски преминал во неделникот „Пулс“. Во својата професионална кариера бил директор и главен уредник на МТВ (1994–1996),[2] главен уредник на списанието „Форум“ (1997–2007),[3] како и директор на телевизијата Алсат М (2008–2011).[4] Одредено време бил и претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија".[5] Има направено интервјуа со повеќе светски политичари, меѓу кои и американскиот претседател Бил Клинтон. Бил еден од продуцентите на холивудскиот филм „Миротворец“ од 1997 со Џорџ Клуни и Никол Кидман во главните улоги. Од 2018 до 2019 година работел во 1ТВ како водител и уредник. Во период (2019-2022) бил главен и одговорен уредник на емисијата "Утрински брифинг" и Слободен печат. Од 2023 година, заедно со својот колега новинарот Борјан Јовановски се уредници на емисијата "Политиканти".мк која прва и втора сезона се емитувале на "Слободна ТВ", а од трета сезона се прикажува на Инфомакс. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia