Сашо Тасевски
Сашо Тасевски (роден на 10 август 1972 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стоечки комичар, писател и колумнист, вработен во Драмскиот театар во Скопје.[1] ЖивотописСашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за глумечка игра на Факултет за драмски уметности - Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти. Во 2002 година, добитник е на националната театарска награда за најдобра глумечко остварување на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на ЦИБРА во претставата ТЕТОВИРАНИ ДУШИ. Во 2004 година магистрира театролошки науки на ФДУ, одбранувајќи ја тезата „Театар во празното“. По негово сценарио, во 2008 година е снимена куклената тв-серија за возрасни ВРЕМЕТО ДЕНЕС во режија на познатиот бугарски режисер Боњо Лунгов. Серијата се емитуваше во 46 епизоди на Наша ТВ. Во 2010 година во Драмски театар е праизведбата на неговата драма ИНТЕРМЕЦО[2]. Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други. Пишувал сценарија за стрипот во неделникот Фокус и колумни за истиот весник, но и за други весници и интернет портали. Авторска кариераВо 2007 е објавена неговата прва збирка драми „Шмизла“[3] која доживува три изданија. Во годините што следат, објавува уште една збирка драми „Аеродромци“ и четири романи, култниот роман „Пеперутка“[4], потоа „Угурсуз“, „Принцезата на малиот принц“ и „Отпозади“ со кои создава голема читателска публика. Остварува и две забележителни улоги во монодрамите, Човекот од соба седум и особено во Секс, Дрога и Рокенрол на сцената на драмскиот Театар во Скопје. Во 2013 година, добитник е на наградата „Најчитан писател во Македонија[5]“ во сите библиотеки низ државата во конкуренција на странски и домашни писатели која ја доделува НУБ Климент Охридски. Во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар - Скопје. Во 2023 година ја започнува неговата емисија "Лизгачки старт" на "ЕМ Телевизија" кој е автор и водител на истата до 2024 година. Театарски претстави
ТВ-драми
Филмографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia