Света Елена (царица)
Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште и како Света Елена, Елена Августа и Елена од Цариград (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот цар Констанциј I Хлор и мајка на царот Константин Велики. ![]() Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос. Таа исто така е поврзана со основањето на Ватиканските градини. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia