Светиниколска Река
Светиниколска Река или Азмак — македонска река, десна притока на реката Брегалница[1] и најголемиот воден тек во Овче Поле[2]. Настанува од три помали водотеци (краци): кои се соединуваат кај градот Свети Николе, по што го добива името Светиниколска Река, а пред сливот во реката Брегалница е позната под името Азмак.
Светиниколска Река во Овчеполската Котлина прима неколку притоки. Нејзини леви притоки се Буриловска Река со Немашница, додека десни притоки се Горобинска Река (Поток), Кнежевска Река и Ѓуземелска Река, сите со пороен карактер. Овие овчеполски рекички во летните месеци наполно пресушуваат. На реката Мавровица, во местото Алин Дол, изградена е акумулација во должина? од 7 км2, со зафатнина од 2.700.000 кубни метри. Оваа акумулација се користи за водоснабдување на Свети Николе[2]. Светиниколска Река се слива во Брегалница на височина од 203 м. Долга е 35 км, има вкупен пад од 407 м и просечен пад од 11,6 ‰. Површината на сливот изнесува 658,7 км2. Во најголемиот дел од сливот има пороен карактер.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia