Караташ
Караташ (грчки: Μέταλλο, Метало; до 1927 г. Καρατάς, Каратас[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци. ГеографијаСелото се наоѓало на јужните падини на Сенгелска Планина, источно од Рупел и северозападно от Црвишта. Во XIX век Караташ било турско село во Демирхисарската каза, по кое е наречена областа на неколку турски села – Орта Маала на североисток, Омерли Маала на исток, Чавдар Маала, Алезли Маала, Ченге Маала и Бујук Маала. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караташ (Kara-tach) било село со 32 домаќинства сочинети од 80 муслимани, Омарли Маала (Omarli-mahla) — 16 домаќинства на 40 жители муслимани, Бујук (Bouyuk) — 22 домаќинства на 50 муслимани, Елес (Elèse) — 20 домаќинства на 48 муслимани, Ченга (Tchenga) — 18 домаќинства на 40 муслимани, Чавдарли (Tchavdarli) — 40 домаќинства на 100 муслимани и Арк (Ark) — 16 домаќинства на 40 муслимани.[2] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Таш Махале имало 150 жители, Чавдар Махале — 130, Амерли Махале — 100, Алезли Махале — 80, Ченге Махале — 60 и Бејук Махале — 180, сите Турци.[5] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 78 жители, во 1920 г. воопшто не се спомнува, што значи дека се распаднало во Првата светска војна.[6] Селото е обновено во 1923 г. кога тука се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. Караташ е преименуван во Металон. На пописот од 1928 г. Караташ е претставен како дојденско село со 220 лица (72 семејства).[7] Во 1940 г. селото имало 292 жители, но не е евидентирано во бугарската статистика за 1941 г. што значи дека населението избегало со надоаѓањето на бугарската окупациска војска.[6] Жителите се сместиле во побогатите села и во градовите, и никогаш не се вратиле во селото. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia