Светозар Вукмановиќ-Темпо
Светозар Вукмановиќ-Темпо (црногорски: Светозар Вукмановић – Темпо; 14 август 1912, Подгор, Цетиње, Црна Гора — 6 декември 2000, Режевиќи, Петровац, Црна Гора) — југословенски револуционер, учесник во НОВ, општествено-политички деец на СФРЈ и Народен херој на Југославија. БиографијаСветозар Вукмановиќ е роден на 3 август 1912 година во селото Подгор во близина на Цетиње во Црна Гора. Светозар е роден во угледно селско семејство. Неговите родители биле Никола и Марија (Пејовиќ) Вукнамовиќ, и едно од четирите деца. Браќата на Светозар биле Ѓуро и Лука, а сестра му се викала Милица. Еден период неговиот татко работел во рудник во Северна Америка, а потоа се вратил во Црна Гора и се занимавал со земјоделство. По формирањето на Кралството Југославија во 1918 година, татко му бил уапсен и лежел 2 години затвор. Основото образование го завршил во родното село со одличен успех. Против волјата на неговиот татко, Светозар се запишал во гимназијата во Цетиње, каде бил неговиот постар брат. За време на средношколските денови тој бил член на книжевна дружина, а во осмото одделение бил и претседател на книжевната дружина. По завршувањето на средното образование тој заминал за Белград со својот братучед, каде се запишал на правниот факултет при Белградскиот универзитет. Дипломирал во 1935 година. Бил избран за член на ЦК на КПЈ на Петтата земска конференција во 1940 година. Во 1941 станал член на Воениот комитет на КПЈ, а потоа и на Врховниот Штаб на НОВ и ПОЈ. Како делегат на ЦК на КПЈ пристигнал во Македонија во втората половина на февруари 1943 година и ја спроведувал политика по однос на поврзувањето КПМ со КПЈ. Неговото делување во Македонија е контроверзно, поради сомневањата дека тој имал влијание во ликвидирањето или отстранувањето на многу видни македонски граѓански и комунистички водачи. Публикации и одликувањаВукмановиќ е носител на Партизанска споменица 1941, поголем број југословенски ордени и медали, меѓу кои Орден на јунак на социјалистичкото делување, Орден за народно ослободување, Орден на партизанската ѕвезда, Орден за заслуга за народот и др. На 20 декември 1951 година е одликуван со Орден за народен херој на Југославија. Вукмановиќ објавил поголем број книги, а позначајни се:
Галерија
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia