Светско првенство во фудбал 1930
Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 јули до 30 јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година. Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство Историја1914 година ФИФА го признала фудбалот на Олимписките игри како Светско првенство во фудбал за аматери преземајќи така одговорност за организирање на истиот турнир на следните три Олимпијаде 1920, 1924 и 1928 година. ( На Олимиските игри 1908 и 1912 организатори на натпреварувањето беле Шведкиот и Англискиот Фудбалски сојуз.) На Олимпијадата во Лос Анџелес 1932 фудбалот воопшто не бил уклучен во програмата на натпреварувања поради непопуларноста во САД. ФИФА и Меѓународниот Олимписки Одбор не се слагале околу статусот на играчите аматери, а за последица имало неуклучувањето на фудбалот во програмата на Олимпијадата во 1932.[1] На 26 мај 1928 на состанокот во Амстердам, одржан на ден пред почетокот на Олимпијадата во 1928, тогашниот ФИФА-ин претседател Жил Риме најавил натпреварување независно од Олимписките игри, отворено за сите членови на ФИФА.Италија, Шведска, Холандија, Шпанија и Уругвај поднеле пријава за домаќинство, избран Уругвај[2] т Учесници
Светското првенство во Уругвај е единственото за кое не се играа квалификации. Секоја репрезентација беше повикана од ФИФА. До 28 февруари 1930, рокот за пријавување се пријавија репрезентациите на Бразил, Аргентина, Перу, Парагвај, Чиле, Боливија, САД и Мексико, но ниту една прекуатлантска земја не сакаше да настапи заради големите трошоци који би им ги предизвикала оддалеченоста до Јужна Америка и патот преку Атлантскиот Океан. Откако и Англија ја одби поканата, Жил Риме, претседателот на ФИФА, одлучи со уругвајската влада да го спонзорира патот на преку атлантските земји Најпосле четири репрезентации се одлучиле за патување; Белгија, Франција, Романија и Југославија. Романците со изборникот Костел Радулеску и тренерите : Октав Лучиде и нивниот капитен Рудлоф Вецер се качија на бродот „Конте Верде“ (англиски: „SS Conte Verde) во Џенова, додека Французите на 21 јуни биле земени од Виљафранс-сур-Мер, Франција.
[3] Белгијците тргнале од Барселона.[4].Заедно со Белгијанците патувале Жил Риме, пехарот за победникот и три европски судии : Жан Ланженус Лусин Лоран, стрелецот на првиот погодок на светските првенства, ги опишал доживувањата од патот : Петнаесет ден бевме на бродот „Конто Верде“. Им се придруживме на останатите во Виљафанс-сур-Мер. Основните телесни вежби и вежбите со топка ги изведувавме на палубата. Тренерот ниту еднаш не прозбори за тактиката [5] СтадиониСите натпревари се одиграа во главниот град на Уругвај, Монтевидео. Се користеа три стадиони : Сентенарио ( en:Estadio Centenario ), Поситос ( en:Estadio Pocitos ) и Централ Парк ( en:Estadio Parque Central ). Стадионот Сентентарио со капацитет од приближно сто илјади луѓе е изграден првенствено за прославата на стогодишната независност на Уругвај, потоа и за Светското првенство. Жил Риме го прогласи Сентенарио за фудбалски храм [6] На Сентенарио се изиграа единаесет од осумнаесет натпревари, вклучувајќи двете полуфиналиња и финалето. Но, дождот и задоцнувањето во работата го одложија користењето на Сентенарио за пет дена од почетокот на првенството.[7] До тогаш, натпреварите се играа на помалите стадиони, Поситос и Централ Парк, кои најчесто ги користеа уругвајските клубови, а беа со капацитет од приближно 20.000 Сентенарио
Поситос
Централ Парк
ПрегледТринаесет екипи беа поделени во четири групи. Сите натпревари се играа во главниот град Монтевидео. Уругвај, Аргентина, Бразил и САД се поставени за носители и се изоставени во ждрепката. Поради тоа што немаше кфалификации, првите два натпревари на Светското првенство беа воедно и први натпревари во историјата на светските првенства, а се одиграа во исто време нс 13 јули. Французите ги победиа Мексиканците со 4-1 на стадионот Поситос, а Амеркианците Белгија со 3-0 на Централ Парк. Французинот Лусин Лорeн го даде првиот гол во историјата на светските првентства [8] Подоцна изјави : „Игравме против Мексико и врнеше снег, затоа што на јужната полутопка беше зима. Соиграчот ми нафрли топка, чие патување до мене внимателно го пратев и ја зафатив со волеј-удар со десната нога. Сите бевме среќни заради голот, но никој не се фрлаше по тревата, затоа што никој не сфати дека направивме историја. Само се ракував со соиграчите и продолживме со игра. Немаше никакви награди; сите бевме аматери во тоа време„ [9] Прва рундаГрупа 1Група 1 е единствената група со четири екипи : Аргентина, Чиле, Франција и Мексико. Два дена после победата над Мексико, Французите изгубја од Аргентина со резултат од 1-0, а единствениот гол го даде Луис Монти од слободен удар. Судијата Алмеида Рего отсвири крај шест минути порано од деведесетте минути, а натпреварот е доигран до регуларниот тек после бурните протести на Французите.[10] На својот втор натпревар Аргентинците го победија Мексико со 6-3, а судијата Улисес Сауседо ( воедно и боливиски тренер ) досуди пет пенали од кои три беа контроверзни. [11] На овој натпревар воедно е досуден првиот пенал во историјата на Светските првенства. Аргентинецот Гуљелмо Стабиле постигна хет-трик на својата деби-натпревар.[12] Натпреварот кој одлучуваше за полуфиналистот се изигра помеѓу Аргентина и Чиле, а обележана е со масовна тепачка после прекршокот на Аргентинецот Луис Монти над Чилеанецот Артуро Торес. Аргентина продолжи понатаки заблагодарувајќи се на победата со 3-1
Група 1 конечна табела
Група 2Во втората група играа Бразил, Југославија и Боливија. Бразилците заради внатрешни проблеми играа исклучиво со играчи од Рио де Жанеиро [13] , но сеедно се очекуваше да влезат во полуфинале. Но Југословените ги изненадија и ги победија со 2-1 во првиот натпревар од групата. Подоцна двете екипи ја победија Боливија, а Југословените продолжија понатаму на сметка на Бразил кој не го оправда статусот носител.
Група 2 конечна табела
Група 3Домаќинот и носител на групата Уругвај е заедно со репрезентациите на Перу и Романија. На овој натпревар беше направено и првото исклучување на светските првенства; Перуанецот Пласидо Галиндо е изклучен заради тоа што преостро влезе во двобој со романскиот противник (тогаш не постоеја жолти картони) Романците ја искористија предноста од играч повеќе и победија со 3-1 заблагодарувајќи им се на двата гола кои ги постигнаа подоцна (RSSSF тврди дека двата гола се дале во 85 минута). Уругвајците го изиграа првиот натпревар дури по пет дена од отворањето на првенството, поради недовршената работа на стадионот Сентенарио. Пред натпреварот со Перуанците е одржана свеченост по повод стогодишниата од независноста на Уругвај, домаќините победија со 1-0, а весниците, вклучувајќи ги и уругвајските, ја пофалија добрата игра на перуанците, а испратија остри критики кон репрезентацијата на Уругвај[14]. Уругвајците се квалификуваа за во полуфиналето со победата над Романија со 4-0
Група 3 конечна табела
Група 4Американците, носителите, доминираа во оваа група, нивната екипа се состоеше и од Англичани со американски пасош [15], а и бројни европски иселеници. Американците лесно ги победија своите први противници, Белгијанците, и со тоа ги изненади уругвајските медиуми, особено „Импарциал“ кој напиша : „Високата победа на Американците навистина ги зачуди фудбалските стручнаци“ [16]. Но Белгијанците после натпреварот се жалеа дека вториот гол бил постигнат од офсајд, а со тоа судијата ги фаворизирал Амеркианците.[16] Вториот натпревар го донесе и првиот хет-трик на Светските првенства. Трикратен стрелец беше Амеркианецот Бертрам Патенод на натпреварот против Парагвај. Но сè до 10 ноември 2006 година ФИФА го признавала хет-трикот на Гуљелмо Стабиле, како прв хет-трик на Светските Првенства, тврдејќи дека Патенод дал само два гола. Но на 10 ноември 2006 година ФИФА даде до знаење дека голот на Американецот Том Флориел е препишан на Бертрам Патенод [17] Парагвај во не важниот натпревар против Белгија победи со 1-0, А Американците им се придружија на полуфиналистите Уругвај, Аргентина И Југославија со две победи од 3-0
Група 4 конечна табела
Нокаут систем
ПолуфиналеДвете полуфиналиња завршија со необично висок резултат - 6-1. Во првото полуфинале Монти даде гол за минимално водство на Аргентинците на полувреме. Во второто полувреме се случи потоп на Американците чија снага беше скротена заблагодарувајќи се на движењето на аргентинските напаѓачи. Американците се жалеа на судијата Жан Ланженус но службено, не презедоја ништо
Во второто полуфинале имаше реприза од финалето на Олимписките игри 1924, каде снагите ги одмерија репрезентациите на Југославија и Уругвај. Југославија зачудувачки победи заблагодарувајќи се на голот на Бранислав Секулич. Уругвајците потоа поведоја со 2-1, а на Југословенците му беше контроверзно не им беше признат еден гол заради офсајд [18]. До полувреме предноста се покачи на 3-1, а на крај достигна 6-1. Најдобриот Уругвајски напаѓач Педро Сеа постигна хет-трик
ФиналеСе случи уште една реприза од Олипсиките Игри, финалето од Олимписките игри 1928, во кое се сретнаа Аргентина и Уругвај. Заради тоа што сега не се играше ( традиционален ) натпревар за трето место на ова светско првенство, се по првпат да не се игра натпревар помеќу полуфиналето и финалето. И пак некои извори, најверодостоено делува ФИФА дневен извештај ( en:FIFA Bulletin ) од 1984, кој вели дека наводно се изиграл натпревар за трето место и Југословените победиле со 3-1 [19]. Но никој неможи со сигурност да потврди. Финалето се одржа во Монтевидео, на 30 јули 1930. Вратата за гледачитебеше отворена од осум часот, дури шест часа пред почетокот на натпреварот. Службените податоци покажуваат дека биле присутни 93.000 луѓе [20]. Во финалето екипите не можеа да се договорат околу топката со која ќе се игра финалето, па ФИФА донесе одлука првото полувреме да се игра со топката на Аргентина, а второто со од Уругвај. Натпреварот заврши 4-2 за Уругвај, и ако заостануваше со 1-2 на полувреме. Така Уругвајците постанаја први светски прваци додавајќи го тоа на олимиската титула од 1928. Жил Риме им го предаде трофејот на Уругвајците, трофеј кој подоцна ќе се нарече Жил Риме. Наредниот ден во Уругвај е прогласен неработен ден, а во Буенос Аирес, главен град на Аргентина со камења се гаѓани зградите на Уругвајските велеработилници [21] Ова беше последниот ден од светското првенство.Се она што траеше 17 дена завршува на 30 јули 1930 кога завршува првото светското првенство. Во 12 минута Пабло Дорадо им донесе водство и радост на Уругајците, но Аргентинците не се помирија со тоа и за само 17 минути направија пресврт со головите во 20 минута Пеуселе и 37 Стабиле со неговиот 8 гол на мундијалот. Со тоа заврши првото полувреме со водство на Аргентинците од 1-2. Но во второто полувреме се играше со топката од Уругвај ( во првото од Аргентина ) и тоа им даде посебна инспирација на Уругвајците кој израмнија со голот на нивниот најдобар стрелец Педро Сеа ( 5 гола ) во 57 минута. Во 68 минута Сантос Ириарте им донесе повторно радост на Урувајците. Аргентинците како да немаја сили за да израмнат и не постигнаа гол, но затоа на крајот во 90 минута Хектор Кастро како да сакаше да му се одмазди на Аргентинците и го даде најдоцниот а и последниот гол на тоа Светско првенство. Аргентинците и ако го имаа најдобриот стрелец Гуљелмо Стабиле сепак мораа да се задоволат само со второто место Состави:
Ириарте ;
Победник
Конечен пласман![]()
Статистика:
Најдобра екипа на првенството
СтрелциЗанимливости
Југославија играше против Аргентина на 3 август 1930.[24] Белешки
Надворешни врскиДополнителна литература
Видео материјал
|
Portal di Ensiklopedia Dunia