Светско првенство во фудбал 2018 — било 21-во Светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Русија, почнувајќи на 14 јуни и завршувајќи со финалето на 15 јули 2018.
Ова бил прв турнир кој се одржал во Русија, и во Источна Европа воопшто, но исто така било и прво светско првенство кое се одржало на два континента. Русија, исто така, станала најголемата земја географски, која ќе биде домаќин на едно светско првенство. На турнирот се натпреварувале 32 репрезентации, вклучувајќи го и домаќинот. Натпреварите биле одиграни на 12 локации во 11 градови.
Процесот за одбирање домаќин на Светските првенства започнал во јануари 2009, и националните фудбалски сојузи имале рок до 2 февруари 2009 да се изјаснат дали се заинтересирани да пријават кандидатура за домаќинство.[5] Првично, девет земји влегле во процесот на кандидатурата за Светското првенство 2018, меѓутоа Мексико подоцна се откажал,[6] додека ФИФА ја одбила кандидатурата на Индонезија во февруари 2010 бидејќи не добиле писмо со поддршка од индонезијската влада.[7] За време на процесот, трите преостанати држави кој не биле членки на УЕФА (Австралија, Јапонија и САД) се откажале од кандидатурата за првенството во 2018, додека членките на УЕФА се откажале од првенството 2022. Како резултат на тоа, официјално останале уште 4 кандидатури за Светското првенство 2018: Англија, Русија, Холандија-Белгија и Португалија-Шпанија.
22-цата членови на Извршниот одбор на ФИФА се сретнале на 2 декември 2010 во Цирих за да ги одредат конечните домаќинства на двете првенства.[8] Русија го добила домаќинството на првенството 2018, во вториот круг на гласање. Заедничката кандиадтура на Португалија и Шпанија била на второ место додека Белгија и Холандија завршиле на трето место. Кандиатурата на Англија добила најмалку гласови и не успеала да го помине првиот круг.[9]
На Светското првенство во фудбал 2018 учествувале 32 земји. Најмногу од нив (14) доашле од конфедерацијата УЕФА, по 5 од АФК, КАФ и КОНМЕБОЛ, додека од КОНКАКАФ конфедерацијата за првенството се квалификувале три репрезентации. Конфедерацијата на Океанија (ОФК) немала ниту еден претстваник.
Репрезентации кои не се квалификувале на првенството
Репрезентации дисквалификувани од страна на ФИФА
Земји кои не се членки на ФИФА
Ждрепка
Ждрепката за групите на Светското првенство 2018 година се одржал на 1 декември 2017 во Москва, а квалификуваните репрезентации биле извлекувани врз основа на распоредот по следните шешири.
Напомена: Во заградите се наоѓа позицијата на репрезентациите на ранг-списокот на ФИФА излезена на 16 октомври 2017 година.[10]
Во октомври2011Русија го намали бројот на стадиони од 16 на 14. Конструкцијата на прeдложениот стадион "Подолск" во регионот на Москва беше прекината од страна на владата, и стадионот на Спартак се бореше со стадионот на Динамо кои ќе бидат првите конструирани.[12]
Крајната одлука за градовите домаќини беше донасена на 29 септември2012. Бројот на градови беше намален на 11, а бројот на стадиони на 12, откако Краснодар и Јарослављ беа избришани од листата.[13]
Во нокаут фазата, ако натпреварот во предвиденото време е нерешено, ќе се одигра дополнително време (два периода од по 15 минути), а по потреба следува пенал серија за да се одреди победникот.[61]
Ако некој натпревар отиде во продолженија, репрезентациите ќе добијат право да извршат четврта замена, за првпат во историјата на Светските првенства.