Свиларка
Свиларката (науч. Bombycilla garrulus) е член на семејството свиларки (науч. Bombycillidae) од редот на врапчевидните. Оваа елегантна птица, 18-21 см долга, со зашилена цуцулка, што патува во големи, номадски јата со силен, директен лет, се размножува во зимзелените шуми во северните делови на Европа, Азија и западна Северна Америка. Има три вида свиларки во светот, и како Bombycilla cedrorum се јавува во Северна Америка, а како Bombycilla japonica само во Азија. Номинираниот вид, пак, е единствен член на семејството чија распространетост е на сите континенти на географските ширини веднаш под Арктикот. Оваа птица ја има и во Македонија. ОписСвиларката е поголема, подебела и посива од американската Bombycilla cedrorum и има светложолта, црна или ’рѓапортокалова боја на врвовите од пердувите на опашката и жолта, бела, црвена или црна лента долж пердувите на крилјата. Долната страна на пердувите од опашката се силна ’рѓа боја. Клунот и нозете се темни, а кафеавите очи се поставени во тесна црна маска истакната со бела боја. Повикот е пријатен ѕвонлив звук. Размножување![]() Гнездото обично го сместуваат високо на борово дрво, но локацијата ја определуваат според можностите за хранење. Секоја птица или пар може да има повеќе од едно гнездо во истата област. Гнездата имаат надворешен пречник од 15 до 18 см и се послани со мека трева и мов. Во просек, леглото има 4-6 јајца со бледо сина боја, темни дамки и неправилни линии. Инкубацијата трае околу 14 дена, а младенчињата го напуштаат гнездото околу 13 до 15 дена по испилувањето. ИсхранаКако и кај другите свиларки, исхраната им се состои главно од бобинки, но се надополнува со инсекти, особено за време на сезоната на парење. ![]() Овој вид е еруптивен, движејќи се во непредвидливи миграциски модели од година во година, а особено кон југ, често во огромен број. Ако понудата на бобинки зимно време ја нема, тогаш се движат кон Велика Британија и Ирска. Голем број птици се појавиле таму во зимите 2011-2 и 2012-3, но најголемата навала веројатно била зимата 1946-47 во Британија, кога пристигнале 12.500 птици, предизвикана од една од најтешките зими. Овие птици, зимно време се приближуваат и им веруваат на луѓето, па влегуваат во градините каде има бобинки, а особено ако ја има оскорушата. Потекло на поимотНаучното име Bombycilla, потекнува од латинскиот Bombyx (свила) и cilla (опашка).[2] Во многу јазици, името на птицата е директно преведено од овој научен назив, како во шведскиот Sidensvans, германскиот Seidenschwanz, па и во македонскиот - свиларка. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia