Северна Албанија
Северна Албанија (албански: Shqipëria Veriore ) ― еден од трите НУТС-2 региони во Албанија, заедно со Средна Албанија и Јужна Албанија (Тоскерија).[3] Се состои од областите Дебар, Драч, Кукуш, Леска и Скадар.[4] Во најширок етнографски контекст, Северна Албанија е позната и како Гегерија (албански: Gegëria ) и вклучува делови од териториите населени со Албанци во Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.[5] Името Гегерија е изведено од Гегите, дијалектичка подгрупа на Албанци кои претежно живеат во планинските области северно од реката Шкумба. ЕкономијаСевероисточна Албанија има значителни наоѓалишта на минерали, вклучувајќи хром, бакар и железо-никел. Албанија била водечки производител на хром во текот на 1980-тите, но производството нагло било намалено во раните 1990-ти како последица на крајот на комунизмот во земјата.[6] Демографија
Петте области во Северна Албанија имале комбинирано население од 649.902 според пописот во 2023 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia