Номенклатура на територијални статистички единициНоменклатурата на територијални статистички единици или NUTS (од фр. nomenclature d'unités territoriales statistiques) — геокоден стандард за означување на административните единици на земјите за статистички цели. Стандардот е на Европската Унија и затоа подробно ги разработува само нејзините членки. NUTS игра клучна улога во работењето на Структурните фондови на ЕУ. Организацијата Евростат на секоја земја ѝ доделува три степени. Регионите на некои степени не се совпаѓаат со административните единици на земјата. Кодот на NUTS почнува со двебуквен код за земјата (исто што и кодот од ISO 3166-1 алфа-2 освен UK наместо GB кај Велика Британија). Потоа делбената единица има свој број. Единиците од втор и трет степен имаат свои дополнителни броеви. Броевите почнуваат со 1, бидејќи 0 означува повисок степен. Во случаи кога има повеќе од девет единици се користат големи букви како дополнување. Сличен систем важи и за земјите-кандидати и членките на Европската асоцијација за слободна трговија, но тие технички не се дел од NUTS, и затоа за нив не важат тие регулативи. Тековната класификација на NUTS (важечка 1 јануари 2008 - 31 декември 2011) содржи 97 региони на NUTS 1, 271 региони на NUTS 2 и 1303 региони на NUTS 3).[1] Покрај трите нивоа за секоја земја од ЕУ, сите останати земји во светот имаат NUTS-код со двебуквен код за континент и две бројки за земја. Сојузните држави, покраините и териториите во САД, Канада и Австралија имаат посебна нумерација. Во системот постојат извесни аномалии: на пр. Гибралтар се наведува како територија вон ЕУ со кодот EO21, додека пак Француска Гвајана е наведена двапати, еднаш како дел од Франција (код: FR930) и еднаш како територија во Јужна Америка (код: AS13). Во извесна мера NUTS е сличен на стандардот ISO 3166-2 и стандардот FIPS 10-4 во САД. СтепениПод трите нивоа на, постојат и два степена на LAU (локални самоуправни единици). Во случајот на Република Македонија, тие се LAU-1: општини и LAU-2: населени места (вид. примерот подолу). ![]() ![]() ![]()
ВоспоставувањеРегионите на NUTS се водат според постоечките административни единици во земјите. Во земјите кајшто постојат само еден до два вида единици, или кајшто тие се премали, се создава втор и/или трет степен. Ова може да се врши на првиот степен (на пр. Франција, Италија, Грција и Шпанја), или на вториот степен (на пр. Германија) и/или на третиот степен (на пр. Белгија).[2] Кај помалите земји, каде сета држава би се класификувала на ниво NUTS 2 или NUTS 3 (на пр. Македонија, Луксембург, Кипар, Ирска), степените 1, 2 и/или 3 се идентични со повисокиот степен и/или целата земја. Тоа може да се види подолу од примерот со Македонија. Праговите во табелава се водич за воспоставување на единици, но нивната примена не е строга. На пример, Корнвол (нас. 531.600) и Ломбардија (нас. 10 милиони) се обата региони на NUTS 2.
Примери
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia