Севернондебелејски јазикОваа статија се однесува на јазикот што се говори во Зимбабве. За истоимениот јазик во ЈАР, погл. јужен ндебеле.
Севернондебелејски јазик (Исиндебеле, Синдебеле) — африкански јазик од нгунската група на банту-јазиците што го говори народот Ндебеле (Матабеле) во Зимбабве. Јазикот е сроден на зулу од ЈАР, бидејќи народот Ндебеле потекнува од следбениците на водачот Мзиликази, кои го напуштиле Квазулу на почетокот на XIX век, за време на немирниот период мфекане. Двата јазика наречени „ндебеле“ не се варијанти на еден ист јазик, туку сродни јазици од нгунската група. Северниот е впрочем дијалект на зулу, додека пак постариот јужен ндебеле припаѓа на друга подгрупа. Задничкото име го носат поради контактот со иселениците на Мзиликази и изворниот народ Ндебеле, чија територија ја преминувале при раселбата. Азбука и гласовиАзбуката е лесна и фонетска, а секоја самогласка има по еден глас. Акцентот паѓа на претпоследниот слог. Самогласките се: a, o, u, e и i. Постојат три чкрапави гласа: c, q и x. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia