Чкрапава согласка
Чкрапави согласки (чкрапки или кликови) — гласови што се среќаваат како согласки во многу јазици на југот на Африка и три јазици во источниот дел на континентот. Некои од нив се користат како извици во сите јазици: забното ц-ц-ц!) кога изразуваме несогласување, страничното ч’к! кога се тера влечно животно и венечното клип-клоп! што децата го прават со јазикот кога имитираат коњски од. Од механички аспект, чкрапавите согласки се препреки кои се прават со ограничување на две места на контакт (прегради) во устата - еден напред и еден назад. Воздушната комора добива притисок со вшмукување од јазикот (технички, чкрапавите согласки имаат јазичен вдишен воздушен механизам). Потоа предната преграда се отвора и, ослободувајќи го воздухот, создава силен нагол звук. Како звучат чкрапавите согласкиЧрапавите согласки се јавуваат на пет места на творба. Во МФА, чкрапава согласка се означува со ставање на симболот за местото на чкрапава творба до симболот за нечкрапав глас на задното место на творба. Симболите на МФА се користат во пишувањето на највеќето којсански јазици, но банту-јазиците како зулу користат латинично c, x и q (забна, странична и венечна чкрапава согласка).
Горенаведените чкрапавите согласки звучат како слеани согласки бидејќи подразбираат доста струење на воздухот. Другите два вида се понагли и не прават такво струење.
Јазици со чкрапави согласкиЧкрапавите согласки постојат во сите три којански јазични семејства во јужна Африка, каде се и најзастапени меѓу согласките. Во помала мера се присутни и во соседните банту-јазици кои ги усвоиле (непосредно или посредно) од којсанските. Југоисточно, на истокот на ЈАР, Свазиленд, Лесото, Зимбабве и јужно Мозамбик, чкрапките се усвоени од јазикот туу или јазиците од групата нгуни (особено зулу, коса и пути, но во помала мера и во свази и ндебеле), а оттаму се прошириле во намален облик во зулуанскиот пиџин фангало, сото, цонга, ронга, дијалектот мзимба на тумбука, и во поново време, во ндау и градските наречја на северен сото (педи), каде распространувањето на чкрапавите согласки сè уште трае. Второ место на прошорување се појасот Каприви и реката Окаванго, каде јазикот јеји ги усвоил чкрапавите согласки од западнокалахарскиот јазик кое, кој пак им пренел намален инвентар на чкрапави согласки на соседните јазици мбукшу, квангалскиот, дирику, кухане и фуе во Ангола, Намибија, Боцвана и Замбија.[1] Постојат и три малцински јазици во источна Африка што користат чкрапави согласки: сандаве и хаѕа во Танзанија и загрозениот јужнокушитски јазик дахало во Кенија кој има чкрапави согласки само во неколку десетици зборови. Се смета дека таму се остаток од јазично поместување. Единствениот неафрикански јазик што користи чкрапави согласки во редовниот говор е дамин, кој е обреден таен јазик што го употребуваат говорниците на јазикот лардил во Австралија. Една од чкрапавите согласки во дамин е всушност издишна чкрапка, каде јазикот се користи за набивање на воздухот во устата за да се добие издишан (егресивен) „млаз“. Којсанските јазици на југот на Африка користат само чкрапави согласки на почетокот на коренот на зборовите. Хаѕа, сандаве и неколку банту-јазици допуштаат и чкрапави согласки на почетокот на слогот во состав на корените, но не постои јазик каде чкрапката го затвора слогот или стои на крајот од зборот. Чкрапките напати се среќаваат и како идеофони во други јазици како конго /ᵑǃ/, миџикенда /ᵑǀ/ и хаѕа /ʘ̃ʷ/ (хаѕа инаку нема усни чкрапави согласки). Идеофоните честопати користат фонемски разлики што не се среќаваат во нормалниот лексикон. Предавање на чкрапавите гласови на македонскиЧкрапавите согласки на македонски не се предаваат со посебните знаци, туку се транскрибираат со македонско писмо и апостроф, кој го означува наглиот прекин.[2]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia