Сен Брие
Сен Брие (француски: Saint-Brieuc, бретонски: Saint-Brieg — град и општина во департманот Арморски Брегови, во Бретања, на северозапад од Франција. ИсторијаСен Брие го добил името по велшкиот калуѓер Бриок кој извршил покрстување на населението во областа во VI век. Пред Француската револуција една од деветте традиционални епархии на Бретања го добила името по Сен Брие. ГеографијаГрадот излегува на протокот Ламанш во заливот Сен Брие. Две реки течат низ Сен Брие. Други градови во департманот Арморски Брегови се Генган, Динан и Лањон. Во 2009 година голема количина на морска марулка, вид алга, се појавила на многу плажи во Бретања и кога изгнила ширела опасно ниво на сулфурводород.[1] Заради тоа умреле коњ, неколку кучиња како и општински возач на камион кој се онесвестил и умрел. Плажата во Сен Брие претрпела тешко оштетување и морала да се затвори. ДемографијаВо 2008 година градот имал 45.879 жители. Бретонски јазикВо 2008 година, 3,98% од децата во основно училиште посетувале двојазична настава.[2] СообраќајЖелезничката станица во Сен Брие е на пругата Париз-Брест која ја поврзува со станицата Париз-Монпарнас. Со возовите со голема брзина (TGV, train à grande vitesse) патувањето до Париз трае околу 3 часа. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia