Арморски Брегови
Арморски Брегови (француски: Côtes-d'Armor; бретонски: Aodoù-an-Arvor), порано познат како Северни Брегови (Côtes-du-Nord; бретонски: Aodoù-an-Hanternoz), е департман на север од Бретања, во северозападна Франција. Историја
Северните Брегови бил еден од првичните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година по Француската револуција. Составен е од речиси целата древна Пеи де Сен Брие, повеќето од историскиот Трегор, источната половина на Корнуај и северозападниот дел на поранешната епархија Сен-Мало. Во 1990 година името беше сменето во Арморски Брегови (Côtes-d'Armor): францускиот збор côtes значи „брегови“, а ar mor е „море“ на бретонски. Името потсетува и на римската провинција Арморика („крајбрежен регион“). ГеографијаАрмориски Брегови се дел од сегашниот административен регион Бретања и се граничи со департманите Ил-е-Вилен на исток, Морбијан на југ, Финистер на запад и со Ламанш на север. ДемонимЖителите на департманот на француски се познати како Костармориканци (Costarmoricains). ПолитикаДолгата традиција на антиклерикализмот на Арморските Брегови, особено во внатрешноста околу Генган (поранешно комунистичко упориште), честопати водело до тоа департманот да се гледа како област на левичарска исклучителност во инаку силно клерикалната и десничарска Бретања. Актуелниот претседател на департманскиот совет, Ален Кадек, сепак е член на десноцентристичката партија, Републиканци.
Тековни претставници во Националното собрание
КултураЗападниот дел на департманот е дел од „Долна Бретања“ (бретонски: Breizh-Izel). Границата тече од Плуа до Мир-де-Бретањ. Бретонскиот јазик станал битно прашање во многу делови на Бретања, и многу бретонски говорници се залагаат за двојазични училишта. Јазикот гало се зборува на исток на департманот и се нуди како јазик во училиштата и на матурските испити. Галерија
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia