Сив клукајдрвец
Сивиот клукајдрвец (Picus canus), исто така познат како сиволикиот клукајдрвец, е Евроазиски член на клукајдрвци на семејството Piciformes. Го има и во Македонија. ОписНеговите перја наликуваат на неговиот роднина Европскиот зелен клукајдрвец. Горниот дел од неговото тело е зелен, а неговиот долен дел е бледо сив со жолта задница. Има сива глава со црни влакна над клунот. Мажјакот има црвено чело, пократок врат, потенок клун и малку позаоблена глава од зелениот клукајдрвец. Долг е 25–28 см и тежи 130-180 грама. ![]() ![]() ЖивеалиштеСивиот клукајдрвец живее во листопадните и мешаните шуми. Се пари во мај и може да снесе од 5 до 10 јајца кои се одгледувани од двата родители. Младите се изведуваат по 15-17 дена и учат како да летаат во нивната четврта недела. За време на летниот период, сивиот клукајдрвец јаде црви, ларви од лебарки и други инсекти. Во зимскиот период се храни со семиња, и може да дојде дури во градини каде што може да се храни. СистематизацијаИма два вида птици наречени сив клукајдрвец: Dendropicos spodocephalus и Picus canus. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia