Силвестер Сталоне
Силвестер Енцио Сталоне (англиски: Sylvester Enzio Stallone) — американски филмски глумец, режисер и сценарист, кој е роден на 6 јули 1946 година во Њујорк. Најпознат е по своите серијали Роки и Рамбо. ЖивотописСталоне е роден во Њујорк. Син на Франк Сталоне Постариот (со италијанско потекло) и Жаклин „Џеки“ Лабофиш. Својата глумечка кариера ја започнува во порнографскиот филм Журка кај кити и пастувот (англ. Party at Kitty and Stud's), во 1970 година. Подоцна добива и мала улога со Вуди Ален во филмот Банани (англ. Bananas; 1971). Потоа добива уште неколку помали филмски улоги, а подоцна се појаува и како гост во ТВ серииите Полициска приказна (англ. Police Story) и Коџак (англ. Kojak). Филмската славност ја постигнува со улогата како боксер во големиот филмски хит Роки (англ. Rocky) во 1976 година. За снимањето на овој филм потрошено е сè на сè милион долари, а заработката е поголема од 225 милиони долари. По успешниот филм Роки, популарноста на Сталоне расте и тој глуми во големи филмски хитови ако што се: Роки 2, Рамбо, Роки 3, Рамбо 2, Танго и Кеш и многу други. Во последните неколу години освен како актер се појавува и како добар режисер и сценарист, и тоа во филмови со најдобрата екипа во поновата историја на филмографијата: Платеници и Платеници 2. НаградиПриватен животПрвн бил оженет со Саша Чек (англ. Sasha Czack) (1974 — 1985) со која има два сина. По разводот во 1985 година, се жени со глумицата Бригит Нилсен од која по две години брак се разведува. Сега е во брак со Џенифер Флавин (енгл. Jennifer Flavin), со која има три ќерки. Во 2012 година, Сталоне го погодуваат две семејни трагедии. Смртта на неговиот син и смртта на неговата сестра. Неговиот син почина само неколку денови пред неговата голема премиера на филмот Платеници 2, а по недела дена по промоцијата почина и неговата сестра. Филмографија
Заработка по филмови
|
Portal di Ensiklopedia Dunia