Синхрона орбитаСинхрона орбита или усогласена орбита — орбита во која орбиталниот период на телото кое кружи (обично сателит) е еднаков на просечниот вртежен период на телото околу кое се кружи (обично планета), а исто имаат иста насока на вртење и кружење.[1] Поедноставено значењеСинхрона орбита е орбита во која едно тело (на пример, вештачки сателит или месечина) обиколува друго примарно тело (планета) за исто време кое му е потребно на примарното тело да направи едно свртување околу својата оска. СвојстваАко еден сателит е во синхрона орбита која е и екваторијална и кружна ќе изгледа како да е неподвижен над точка на екваторот на планетата околу која кружи. Синхроните сателити кои кружат околу Земјата се вика дека имаат геостационарна орбита. Меѓутоа, синхроната орбита не мора да биде екваторска; ниту кружна. Телото во неекваторска синхрона орбита ќе изгледа како да осцилира на север и југ над точка на екваторот на планетата, додека тело во елипсовидна орбита ќе изгледа како да осцилира кон исток и кон запад. Ако се гледа од телото околу кое се кружи, со комбинацијата на овие две движења се создава еден образец во форма на бројот 8 наречена аналема. НоменклатураИма многу специјализирани термини за синхрони орбити во зависност од телото околу кое се кружи. Синхроната орбита околу Земјата која е кружна и лежи во екваторската рамнина се нарекува геостационарна орбита. Во поопшт случај, кога орбитата е наклонета кон екваторот на Земјата или не е кружна, се нарекува геосинхрона орбита. Соодветните термини за синхрони орбити околу Марс се ареостационарни и ареосинхрони орбити. ФормулаЗа стационарна синхрона орбита:
Со оваа формула се добива стационарната орбита на телото во однос на дадено тело. Орбиталната брзина (брзината со која се движи сателитот низ вселената) се пресметува со множење на аголната брзина на сателитот со орбиталниот полупречник. ПримериАстрономски пример е најголемата месечина на Плутон - Харон.[3] Многу почесто, синхроните орбити се користат од вештачки сателити кои се користат за комуникација, како што се геостационарните сателити . Природните сателити, кои можат да имаат синхрона орбита само преку синхроно вртење со нивното родителско тело, тоа секогаш е поврзано со синхроното вртење на сателитот. Ова е затоа што помалото тело побрзо достигнува синхроно вртење, и додека да постигне синхрона орбита, веќе долго време има заклучена синхроно вртење.
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia