Синчец
Синчец (науч. Centaurea cyanus) — едногодишно скриеносемено растение од семејството главоцветни, домородно во Европа. Се наоѓа по должината на рабовите на шумите, покрај патиштата како плевел, во зеленчуковите градини и полињата со житни култури.[1] ![]() ОписСинчецот е едногодишно растение што расте 40 — 90 см, со сиво-зелени разгранети стебла. Лисјата се копјевидни и долги 1 — 4 см. Цветовите најчесто се со изразена сина боја. Синиот пигмент е протоцијанин, кој во розите е црвен. Цвета цело лето.[2][3][4] УпотребаЧај од синчец се употребува за подобрување на апетитот и јакнење на организмот. Ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб, влијае диуретично поради што се дава при заболувања на уринарните органи. Синчецот може да се употребува и за промивка на очите, при конјуктивит и блефарит, како и за козметички цели — за освежување и јакнење на кожата.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia