Сирано де Бержерак
Сирано де Бержерак (француски: Savinien Hercule Cyrano de Bergerac, роден на 6 март 1619 во Париз - починал на 28 јули 1655 во Париз) — француски драматург и сатиричар. За него Едмон Ростан пишувал во истоимената драма во стихови од 1897 година. Најпознатите драми на Сирано де Бержерак биле објавени посмртно: „Патување до Месечината“ од 1657 година и „Историја на државите и империите на Сонцето“ (1662). Иако во денешно време Сирано де Бержерак е познат повеќе со легендите околу својот проблематичен и боемски живот, отколку со својата креативност, многу истакнати европски автори како Џонатан Свифт и Волтер црпеле инспирација од неговите дела, а Молиер дури ископирал цели делови од неговата „Le pédant joué“ во својата „Les fourberies de Scapin“. Сирано де Бержерак починал кога случајно паднала на глава некое дрво. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia