Книжевност или литерату́ра — во широка смисла општо означува збир зборовнитекстови. Зборот „литература“ како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, од есеи до поезија, исто така се однесува и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки така и во рамките на една издвоена култура.
Персиската литература (на персиски: ادبیات پارسی) опфаќа два и пол милениуми, иако многу од предисламскиот материјал е изгубен. Нејзините извори често доаѓаат од далечни региони кои се надвор од границите на денешен Иран, бидејќи персискиот јазик процветал и преживеал и во региони на Средна Азија. На пример, Руми, еден од најсаканите персиски и исламски поети пишувал на персиски, но живеел во Конија, денес во Турција, а тогаш главен град на Селџуците.
Прочитајте повеќе
Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος) е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеникГригор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата „Ловоров венец“, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.
Прочитајте повеќе
Сѐ тргна наопаку; луѓето почнаа да се мразат преку ноќ, одеднаш... постојат големи луѓе и можеби војната беше онаа која ми помогна да сфатам кои се вистински луѓе, а кои се ѓубриња.