Скиентологија
![]() ![]() Скиентологија — учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми, создадено во 1952 година од страна на Рон Хабард, под името Дијанетика. Земено од латинскиот збор scio — „знаење“ во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos — „учење за“. Сам по себе, зборот значи „да знаеш како да знаеш“. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави. Скиентологијата е едно тело на знаење што се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат основното место меѓу овие вистини се:
Исто така, скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот. Скиентологијата не е догматска религија што од човекот бара тој слепо да верува во сè. Единката сама открива дека скиентологијата работи на тој начин што ќе ги применува нејзините принципи и ќе ги види или искуси резултатите од таа примена.[се бара извор] Крајната цел на скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за единката.[се бара извор] Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia