Скребатински манастир

Скребатински манастир
Поглед на црквата со камбанаријата
Информации
Целосно имеСкребатински манастир
Други имињаМанастир „Успение на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наПресвета Богородица
ЕпархијаДебарско-кичевска
ЦрквиЦрква „Успение на Пресвета Богородица“
Личности
Место
Местово близина на Скребатно, Општина Охрид Македонија Македонија
Координати41°9′01″N 20°53′13″E / 41.15028°N 20.88694°E / 41.15028; 20.88694
Видливи остатоциедна црква, помошни објекти, конак, трпезарија
Отворен за јавностада
Други информации(Седма охридска парохија)

Скребатински манастирманастир во југозападна Македонија, во близина на селото Скребатно.

Местоположба

Манастирот се наоѓа над селото Скребатно. До неговите порти води асфалтиран пат.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, конак и трпезарија.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Црквата се верува дека потекнува од XVI век, која значително била поправена во 1922 година. Била обновена и доградена во 2003 година.

Други објекти

Манастирот поседува огромна одржувана ливада, чешма, како и дебели сенки, погодни за одмор и рекреација. Во склоп на манастирот се наоѓаат објекти каде може да се приготвува храна, а манастирот поседува и црковна кујна.[1]

Собир на Голема Богородица

Секоја година, манастирот организира општонароден собир на празникот Голема Богородица, кога се собираат и повеќе од 5.000 гости од земјата и од странство. За време на собирот се организираат два настани, лицитација на црковниот бајрак и ордија (заеднички ручек).[1]

Лицитација на бајрак

Церемонијата започнува со кревање на црковните бајраци и икони, со кои се врши обиколување на црквата. На чело на поворката е свештеникот, а по него одат носителите на бајраците и иконите. Откако ќе се завртат три круга, поворката запира во црковниот двор, каде што започнува лицитацијата. Право на учество имаат сите на собирот. На крајот, оној што ќе даде најмногу станува кум и сопственик на бајракот до следниот празник.[1]

Ордија

На празникот Голема Богородица се колат околу 50 јагниња и се готви заеднички ручек во десетина казани. Сето тоа е долгогодишна традиција, која настанала така што некогаш некој овчар заедно со своето стадо бил зафатен од големо невреме. Од невремето бил спасен така што се молел на Богородица и ветил дека секоја година ќе дарува по 3 овци. Така, на овој ден се дели благословен ручек на ливадата до црквата. Ручекот се послужува во земјени чинии и дрвени лажици.[1]

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya