Скршеница на коска
Фрактура на коска или скршеница на коска е медицинска состојба каде постои прекин во континуитетот на коската. Фрактурата може да биде резултат на дејството на јака сила или оптоварување врз коската, или резултат на дејството на мала сила доколку структурата на коската е ослабена од други медицински состојби како остеопороза, тумори, osteogenesis imperfecta (во овие случаи фрактурата се именува како патолошка фрактура).[1] Знаци и симптомиБолката е доминантен симптом. И покрај тоа што самото коскено ткиво не содржи ноцицептори, скршениците се болни заради неколку причини:[2]
Деформитетот, принудната положба на делот од телото, патолошката подвижност и крцкањето на фрагментите при движење се исто така дел од клиничката слика. Оштетувањето на околните нерви или крвни садови, ’рбтениот мозок и нервните корени (кај фрактури на ’рбет), черепната содржина (кај фрактури на череп) можат да предизвикаат други специфични знаци и симптоми. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia