Остеопорозата е болест при која ослабувањето на коските го зголемува ризикот од појава на нивни скршеници.[1] Претставува најчеста причина за скршеници на коски кај постари лица.[1] Коските кои најчесто се подложни на скршеници се пршлените на ‘рбетниот столб, коските на подлактицата и колкот.[6] Сè додека не настане скршеница на коските вообичаено нема други симптоми.[1] Коските може да ослабнат до тој степен така што скршеница може да настане при помал стрес или спонтано.[1] Скршеницата е проследена со хронична болка и намалена способност за извршување на нормалните активности.[1]
Превенцијата на остеопороза вклучува соодветна исхрана за време на детството и доколку е возможно да се избегне употребата на лекови кои ја предизвикуваат оваа состојба.[1] Превенцијата на скршеници на коските кај лица со остеопороза вклучува соодветна исхрана, физичка активност и превенција од паѓање.[1] Промени во животните навики како престанок со пушење и пиење на алкохол исто така може да бидат корисни.[1]Бисфосфонатите се корисни кај лица со претходна скршеница на коските поради остеопороза.[3][4] Кај оние со остеопороза, но кои претходно немале скршеница на коските се помалку ефективни.[3][4][7] Голем број на други лекови исто така можат да бидат корисни.[1][8]
Остеопорозата станува почеста со зголемување на возраста.[1] Околу 15% од белците во нивните 50-ти, и 70% во нивните 80-ти години имаат остеопороза.[5] Почеста е појавата кај жените отколку кај мажите.[1] Во развиените земји, во зависност од методот на дијагностика, 2% до 8% од мажите и 9% до 38% од жените ја имаат болеста.[9] Стапките на заболеност во земјите во развој не се познати.[10] Околу 22 милиони жени и 5.5 милиони мажи во Европската Унија имале остеопороза во 2010 година.[11] Во САД во 2010 година околу осум милиони жени и два милиони мажи имале остеопороза.[9][12] Белците и Азијатите имаат поголем ризик да заболат.[1] Зборот остеопороза има грчко потекло и значи „порозни коски“.[13]
Епидемиологија
Од триесетатта година на животот па натаму кај луѓето почнува да се намалува постепено количината на коскеното ткиво во коските. Кај жените, губитокот е присутен особено неколку години после менопаузата, додека кај мажите, во принцип, губитокот е константен. Најчести фактори кои ја предизвикуваат остеопорозата се:[14]
возраста - над 30 години, коскената маса почнува да се намалува
пол - жените се четирипати повеќе подложни на ова заболување од мажите, особено за време на менопаузата и на возраст над 50 години
Бидејќи во вкупното население постојано се зголемува учеството на старото население, така се зголемува и бројот на заболените од остеопороза. Тој тренд е присутен особено во високо развиените земји, каде зачестеноста на скршениците предизвикани од остеопороза нагло се зголемуваат.
Причина за настанување на остеопорозата
Постојат три главни типа на осеопороза:
идиопатска (непозната причина), која е присутна кај децата и адолесцентите,
постменопаузална (тип I), која се јавува обично меѓу 50 и 75 година од животот, и шестпати е почеста кај жените,
сенилна остеопороза или инволуциска (тип II), која се јавува претежно кај постарото население над 70 години, и е двапати почеста кај жените.
Клиничка слика
клиничка слика
Болните можат да заболат од остеопороза и со години да немаат симптоми. Фрактури на ‘рбетниот столб, кои се една од најчестите компликации на болеста и кои предизвикуваат болка во грбот, се јавуваат без или после минимална траума. Најчести се на лумбалните и долните торакални пршлени. Локално се развива акутна болка и обично попушта по неколку дена или недели. Со тек на време, фрактурите предизвикуваат дорзална кифоза, со вратна лордоза и хронична грбна болка, посебно во долниот лумбо-сакрален дел. Болната чувствителност често се забележува по должината на ребрениот раб на соодветниот спинален нерв. Со напредокот на болеста, епизодите на фрактурите на пршлените се повторуваат, висината на телото се намалува, исчезнува физиолошкиот облик на ‘рбетниот столб, додека торакалната фисура се продлабочува до тој степен, што ребрата налегнуваат на илијачната коска од карлицата. Останатите видови на фрактури обично не настануваат спонтано, туку како резултат на механички повреди, на пример, при пад.
Сепак, дури и кога човекот ќе заболи од остеопороза, може да се врати густината на коските, а тоа може да се постигне со комбинација на физички вежби, здрава исхрана, внесување витамини и лекови.[14]
Дијагноза
Кај 20% од женската популација е присутна хиперкалциурија (зголемена концентрација на калциум во урината). Останатите биохемиски наоди се уредни. Рендгенскатадијагностика е корисна во текот на подоцнежните фази на болеста, кога се губат повеќе од 30% од коскеното ткиво. На рендгенските снимки се гледа намалена густина (дензитет) на коските.
Терапија
Ризикот од појава на остеопороза се намалува со редовна физичка активност и со здрава исхрана. Притоа, особено е корисен зеленчукот, богат со витамини и минерали (витамин Д и калциум), а се препорачува и редовно изложување на сончева светлина.[14]
Најважна е превентивата активност од различни аспекти. Така, на пример, жените во постменопазуа може да примаат естрогенскахормонска терапија или да земаат зголемени количини на калциум и витамин Д со исхраната. Ваквиот надомест е особено корисен кај жените кои инаку конзумираат храна со ниско ниво на калциум. Естрогенската терапија може да го закочи или забави напредокот на болеста. Обично се започнува неколку години (3-6) после почетокот на постменопаузата, но некои доктори советуваат почеток на естрогенската хормонска терапија значително порано. Обично се користи во количини од 0,6 до 1,2 мг на ден. Меѓутоа естрогенската терапија го зголемува ризикот од крварење, ендометриски карцином и болести на жолчниот систем.
Фрактурите, предизвикани од остеопорозата, се третираат оперативно,
↑ 3,03,13,2Wells, GA; Cranney, A; Peterson, J; Boucher, M; Shea, B; Robinson, V; Coyle, D; Tugwell, P (23 January 2008). „Alendronate for the primary and secondary prevention of osteoporotic fractures in postmenopausal women“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (1): CD001155. doi:10.1002/14651858.CD001155.pub2. PMID18253985.
↑ 4,04,14,2Wells, G; Cranney, A; Peterson, J; Boucher, M; Shea, B; Robinson, V; Coyle, D; Tugwell, P (23 January 2008). „Risedronate for the primary and secondary prevention of osteoporotic fractures in postmenopausal women“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (1): CD004523. doi:10.1002/14651858.CD004523.pub3. PMID18254053.
↑Golob, AL; Laya, MB (May 2015). „Osteoporosis: Screening, Prevention, and Management“. The Medical clinics of North America. 99 (3): 587–606. doi:10.1016/j.mcna.2015.01.010. PMID25841602.
↑Wells GA, Cranney A, Peterson J, Boucher M, Shea B, Robinson V, Coyle D, Tugwell P (23 January 2008). „Etidronate for the primary and secondary prevention of osteoporotic fractures in postmenopausal women“. Cochrane Database of Systematic Reviews (1): CD003376. doi:10.1002/14651858.CD003376.pub3. PMID18254018.
↑Nelson HD, Haney EM, Chou R, Dana T, Fu R, Bougatsos C (2010). „Screening for Osteoporosis: Systematic Review to Update the 2002 U.S. Preventive Services Task Force Recommendation [Internet]“. Agency for Healthcare Research and Quality. PMID20722176.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑ 9,09,1Wade, SW; Strader, C; Fitzpatrick, LA; Anthony, MS; O'Malley, CD (2014). „Estimating prevalence of osteoporosis: examples from industrialized countries“. Archives of osteoporosis. 9 (1): 182. doi:10.1007/s11657-014-0182-3. PMID24847682.
↑Handa, R; Ali Kalla, A; Maalouf, G (August 2008). „Osteoporosis in developing countries“. Best practice & research. Clinical rheumatology. 22 (4): 693–708. doi:10.1016/j.berh.2008.04.002. PMID18783745.