Славе Ѓорѓо Димоски
Славе Ѓорѓо Димоски — поет, есеист и преведувач .[1] ЖивотописСлаве Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).[2][3][4] Библиографија
Книги за деца
Книги есеи
Составувач е и косоставувач на повеќе антологии. Објавени му се повеќе избори, а дваесет книги му се преведени на повеќе јазици. На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата „Поезија-ткаења“, која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм „Поет на мал народ“ од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски.[5] Во март 2023 година, во издание на Општина Охрид, била објавена книгата со критичко-есеистички текстови за поезијата на Димоски, со наслов „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ чиј приредувач е Димитар Пандев. Книгата е составена од два дела при што првиот дел, насловен „Македонска критика“, е поделен на три циклуси: „За поезијата“ со текстови посветени на поезијата на Димоски, „За книгите“ со есеи за неговите книги, а третиот дел содржи есеи за некои поединчени песни. Во вториот дел, насловен „Странска критика“ се приложени есеи на повеќе странски автори кои го анализираат творештвото на Димоски.[6] Награди
Двапати е добитник на највисокото општинско признание „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“ во 2000 г. и 2012 г. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia