Славе Попоски

Славко Попоски
Роден 1914 година
Карбуница, Кралство Србија
Починал 1944 година
Битола, ДФ Македонија, ДФЈ
Народност Македонец

Славе Зорев Попоски ( 1914 во Карбуница1944 во Битола) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија, тој стапил во септември 1944 година во редовите на Петнаесеттата бригада. Како борец учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево. Во една борба со балистите кај селото Зајас, тој бил тешко ранет на 16 ноември 1944 година и пренесен во болницата во Битола каде умрел по кусо боледување.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 101.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya