Славка ФидановаСлавка Фиданова (Тетово, 1 февруари 1920) — македонски првоборец, историчар и универзитетски професор.[1] ЖивотописФиданова е родена на 1 февруари 1920 година во Тетово. Била припадничка на прогресивното младинско и студентско движење, организатор и учесник на Летната студентска колонија во Охрид (1939/40), член на КПЈ од 1940, учесник на Покраинската конференција на КПЈ во Македонија на 8 септември 1940 и секретар на МК на КПЈ за Тетово во 1941 година. Поради полициски прогон, преминала во Скопје некаде во јуни 1941 година, а подоцна пак се вратила на партиска работа во Тетово во декември 1942 година. Како илегалци, Фиданова, Коле Чашуле, Веселинка Малинска и членови на Покраинското раководство, меѓу кои и Бане Андреев биле засолнувани во еврејски куќи во Скопје.[2] По Ослободувањето била професор на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објавила повеќе трудови за поновата историја на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia