Слана
Слана — вид врнеж во вид на тенки кристали мраз, формирани од водената пареа во атмосферата при нагло опаѓање на температурата на воздухот под нула степени Целзиусови.[1] Големината на кристалите зависи од долготрајноста на изложеноста на ниски температури и од количината на влага во воздухот. ![]() НастанувањеВо принцип, за да се формира сланата, површинскиот слој на предметите, тревата или другите растенија мора да биде постуден од околниот воздух. Вообичаено, предмети врз кои постои тенденција да се формира слана се оние што имаат ниска специфична топлина или висока топлинска емисија, како што на пример се црните метали. При оставањето на собна температура на смрзнати производи извадени од замрзнувач, на нивната површината, што е постудена од околниот воздух, се создава тенок слој од слана. Појавувањето на сланата во одделни подрачја се должи и на разликите во надморска височина, бидејќи во пониските области станува постудено во текот на мирните ноќи. Обично сланата се создава врз тревата и другите растенија, или пак врз предметите што се блиску до почвата. Може да биде придружена со магла. Слични појави на сланата се мразот и ињето. ПоследициПрвата есенска слана обично се појавува во втората половина на октомври, но забележано е нејзино појавување и порано. Многу растенија можат да бидат оштетени или уништении од сланата. Оштетувањата се во зависност од видот на растенијата и нивното ткиво што е изложено на ниски температури. Тоа значи дека таа може да предизвика економска штета бидејќи ги уништува растенијата или нивните плодови што уште не се собрани по нивите. Надворешни врски
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia