Слаткаристика
![]() Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика (роден на 15 август 1986 година во Скопје) — македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач. Тој започнал со своите музички творби кога имал 12 години.[1] ЖивотописНа возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата Единствена Опција, а во 2004 година заедно го издале албумот „Рап Тврдина“. Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формирал хип-хоп екипажот Токсикологија. Во мај 2009 година потпишал договор со продукција „Јованов Рекордс“ и го издал својот прв соло албум под наслов „Слаткаристика Будало“, кој постигнал значителни успеси со песните „Шопинг“, „ФМ“, „Да полетам“ и „Топ“. Тоа претставувала најава на револуцијата на хип-хоп музиката во Македонија. Понатака во кариерата имал и свои концерти во Охридско-Античкиот театар, Дом на култура - Штип и Струмица, Спортска сала "Младост" - Битола и Метрополис арена - Скопје. Во мај 2010 година бил издаден ДВД со неговиот голем концерт во Арената Метрополис во Скопје. Во 2011 година ги објавил сингловите „Класика“ и „Екстра, екстра“. Во 2012 го извадил својот втор соло албум „Новиот Албум“ кој достигнал голема популарност со песните „Олабави ме“, „Сара“, „Разговор со совеста“, „Бум Бам“ и други. Во 2015 објавил неколку хитови како „Бумеранг“ и „Дими Џам“. Во 2016 излегла една од неговите најслушани песни „Тик Так“ во колаборација со Криско која има над 12.000.000 прегледи. Истата година излегла и песната „Кажи Да“ која исто така постана хит. Во 2017 излегла песната која била слушана низ цела Македонија и Балканот и која има над 18.000.000 прегледи - „Терориста“. Веднаш по неа ја извадил песната „Мани“. Во 2018 објавил неколку песни, меѓу кои се „Луда Романтика“ во месец март, „Отворено Писмо“ во септември и „Амстердам“ која што излегла во ноември. Во 2019 година направил низа проекти во соработка со "Урбан Рекордс" како што се песните „Дијаманти“ со Два Бона и „Марадона“ со Таско. Исто така тој е автор и на првиот македонско-грчки музички проект наречен „Марија“. Љубовен животВо 2014, тој се оженил со Сања Николиќ, а во 2020 го добиле синот Моша. Спотови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia